Диетата што го снижува крвниот притисок за 2 недели

Без разлика дали гените или твојот разуздан начин на живот се причината што ти се крева притисокот, добро е да знаеш дека со соодветна исхрана и активен спортски живот можеш да ја намалиш хипертензијата. И тоа без да пиеш лекови!

Дека сме во право говори и фактот што група нутриционисти смислија конкретен режим за исхрана што ја таргетира хипертензијата доста успешно.

Станува збор за DASH диетата (скратеница од Dietary Approaches to Stop Hypertension) или план за исхрана дизајниран за оние кои имаат висок крвен притисок, иако, бенефити во неа наоѓаат и здравите луѓе.

Што подразбира DASH диетата?

DASH диетата вклучува храна која е богата со калиум, калциум и магнезиум – минерали кои го намалуваат притисокот. Диетата подразбира намалување на храната богата со натриум, заситени масти и додадени шеќери.  

Студиите покажуваат дека DASH диетата може да го намали крвниот притисок за помалку од две недели, но ги намалува и липопротеините со ниска густина ЛДЛ или лошиот холестерол во крвта. Затоа овој план е најдобра превенција од срцеви заболувања и мозочен удар.

Уште повеќе ќе ти се допадне тоа што DASH диетата е многу едноставна за следење и не подразбира постојано стоење над шпорет или готвење одвечер. Целата исхрана се базира на стандарните производи што сигурно веќе ги имаш дома.

DASH диетата подразбира внес на 2.000 калории во денот, а истите потекнуваат од различни типови храна. Оваа диета ја имаат присвоено и многу луѓе кои сакаат да ја намалат тежината, но во тој случај калорискиот внес треба да биде сведен на 1.600 калории дневно. Разноврсната храна што ја подразбира овој режим несомнено обезбедува заштита од рак, остеопороза, мозочен удар и дијабетес.

DASH диетата е против натриум!

Тргнувајќи од тоа дека луѓето внесуваат минимум 3.400 мг натриум дневно, DASH диетата е така смислена да те снабди со 2.300 мг (доза што му е потребна на твоето тело) иако постои и построга DASH верзија која подразбира 1.500 мг натриум дневно. Само за потсетување, солта е најголем извор на натриум – една лажичка содржи 2.300 мг – а натриумот е еден од виновниците за висок крвен притисок.

Главните хранливи продукти на кои се базира DASH диетата содржат многу малку сол, но за дополнително намалување на дозите натриум, стори го следното:

  • Користи зачини кои не содржат сол
  • Не додавај сол кога вариш ориз или тестенини
  • Одбирај свеж или замрзнат зеленчук или овошје пред конзервиран
  • Купувај пилешко без кожа и посни парчиња месо
  • Читај етикети и одбирај производи што не содржат или содржат многу малку сол

DASH диета: Што да јадеш?

Ако се водиш според препорачаните 2.000 калории, тогаш ѕирни го планот подоле, но слободно можеш да го зголемиш бројот на калории ако твоето тело го побара тоа од тебе.

Зрна: 6 до 8 порции на ден. Една порција подразбира: едно парче леб, 1 чаша суви житарки како гранола или 1/2 чаша зготвени житни култури, ориз или тестенини.

Зеленчук: 4 до 5 порции на ден. Една порција подразбира: 1 чаша сиров лиснат зелен зеленчук, 1/2 чаша сечкан сиров или варен зеленчук или 1/2 чаша сок од зеленчук.

Овошје: 4 до 5 порции на ден. Една порција подразбира: едно овошје со средна големина, 1/2 чаша свежо, замрзнато или конзервирано овошје или 1/2 чаша овошен сок.

Млечни производи без маснотии или малку маснотии: 2 до 3 порции на ден. Една порција подразбира: 1 чаша млеко или јогурт или 40 грама сирење.

Посно месо, живина и риба: шест порции од 30 грама или помалку на ден. Една порција подразбира: 60 гр варено месо, живина или риба или 1 јајце.

Ореви, семиња и мешунки: 4 до 5 порции неделно. Една порција подразбира: 1/3 чаша ореви, 2 лажици путер од кикирики, 2 лажици семиња како лен или 1/2 чаша варени мешунки (грав или грашок).

Масти и масла: 2 до 3 порции на ден. Една порција подразбира: 1 лажичка путер, 1 лажичка растително масло, 1 лажица мајонез или 2 лажици прелив за салата.

Слатки и додадени шеќери: 5 порции или помалку неделно. Една порција подразбира: 1 лажица шеќер, желе или џем, 1/2 чаша овошен сладолед или 1 чаша лимонада.

На почеток сигурно ќе ти биде чудно да јадеш не толку солена храна, но брзо ќе се навикнеш на нејзиниот блантав вкус. Тоа е мала жртва што мораш да ја направиш во име на твоето здравје и долговечност.

Вклучи црн лук во DASH диетата и снижи го притисокот за 2 недели

Апаратот за притисок ќе ти покаже нови бројки и за помалку од две недели, ако DASH диетата ја комбинираш со Dr. Viton Alizin – најдобриот природен суплемент за хипертензија. Активната компонента во овој производ е црниот лук, кој е всушност ферментиран бел лук со далеку посилно дејство, а без мирис и вкус .

Dr. Viton Alizin е достапен е во во аптекитe на:  Зегин, Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети и во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс.

Можеш да го нарачаш и онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-alizin/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)

Dr.Viton Alizin може да ти го доставиме и на твојата домашна адреса со брза пошта!