Дали ја сакате чоколадата и секој ден јадете барем малку? Оваа диета е за вас …
Еве ги правилата на диетата за љубителите на слатки:
1. Треба да јадете на секои три часа. Имате пет оброци на ден : три се главни оброци (појадок, ручек и вечера), а имате и две прилично обилни ужини. Ако јадете на неколку часа, вашиот метаболизам останува активен и затоа никогаш не ги прескокнувајте мини оброците помеѓу ручекот и вечерата, кои ќе ви обезбедат дополнителна енергија.
2. Јадете сезонски, што е можно посвежи намирници. На тој начин ќе го добиете максималниот износ на хранливи материи од храната што ја јадете.
3. Задржете ја под контрола желбата за храна со помош на секојдневните слатки. Без разлика дали станува збор за чоколаден мус или мафини од боровинки, почестете се секој ден. Тоа е мудар начин за да продолжите успешно да ја следите диетата , кој нема да предизвика здебелување, под услов во други ситуации да јадете соодветна храна.
4. Не поврзувајте ја храната со чувството на вина, туку уживајте во секој залак. Ова “смислено ” уживање во храната ќе ви овозможи подолго да чувствувате ситост, бидејќи побавното јадење и поголемото уживање во храната вашиот хормон на заситеност ќе го искачи на повисоко ниво.
5. Не плашете се од масти. Фета сирењето, јаткастите плодови и павлаката се многу присутни во оваа диета. Тие се одлични за вашата кожа и нивото на енергија, како и чувството на ситост. Студиите потврдуваат дека “добрите” масти му помагаат на телото да ги согорува маснотиите, особено околу стомакот, така што го намалуваат нивото на хормонот кортизол.
Еден ден од диета на љубителите на слатки:
Појадок: Јаболко и овесна каша со боровинки
Ручек: Салата од морски плодови, чили и рукола
Вечера: Пилешко подготвено на кинески начин со интегрален ориз
Ужина: (два пати дневно): Чоколаден мус, фрапе од малини со ѓумбир или познатиот десерт „Топло – Ладно“