И покрај тоа што веќе зачекори во петтата деценија, Џенифер Анистон може да се пофали со својата витка фигура. Таканаречената „ лимон“ диета кој оваа актерка ја применува е доста позната во кругот на славните.
Кога пред неколку години ги оставила цигарите, го отфрлила кофеинот и газираните пијалаци, Џенифер одлучила да проба некоја од диетите за детоксикација. Лимон диетата била идеален избор, а доколку сакате и вие да ја пробате прочитајте неколку важни факти во врска со неа:
1. Свежа лимонада
Џенифер Анистон денот го започнува со чаша свежо цеден сок од лимон. Актерката тврди дека сокот од лимон е најдобриот начин за ослободување од токсините. Лимонот исто така помага и во отстранувањето на маснотиите и целулитот.
2. Без индустриски производи
Оваа диета бара да ги избегнувате токсините на сите страни. Не можете да очекувате успешна детоксикација доколку продолжете со консумирање на преработена храна. Џен не јаде „нездрава“ храна или друг вид на преработена храна.
3. Протеини и зелена салата
Познато е дека Анистон јадела иста салата речиси 10 години, кога престанала да се емитува телевизиската серија „ Пријатели“. Станува збор за зелена салата со пилешко. Здравата рамнотежа на зелениот лиснат зеленчук и протеините е многу важна за витката линија, а зелениот зеленчук помага во детоксикацијата на телото.
Предности на диетата:
Диетата со лимон не само што ќе ви помогне да ги намалите килограмите, туку и да добиете природен сјај на кожата. Односно, лимонот е многу богат со витаминот Ц кој го забрзува процесот на регенерација на клетките на кожата.
Антиоксидансите кои ги содржи лимонот се најдобри во забавувањето на процесот на стареење.
Лимон диетата го чисти организмот од сите токсини, а со тоа ви го продолжува животот и истиот е многу поздрав. Оваа диета ги намалува можностите за добивање рак.