Депресијата е поразувачка за жените во четвртата деценија

По дванаесет години активно истражување и анализа спроведена на 10.500 луѓе, австралиските експерти дошле до заклучок дека депресијата е многу штетена за жените во четвртата и петтата деценија од животот.

Тие, во споредба со жените кои не се борат со депресијата, имаат 2,4 пати поголема веројатност да бидат погодени од мозочен удар.

Депресијата влијае на крвните садови, на имунолошкиот систем, а една од можните причини за зголемениот ризик се лошите навики во исхраната и недоволната физичка активност.

И покрај тоа што овие луѓе не пијат лекови за висок крвен притисок и холестерол, една студија покажа дека некои антидепресиви го зголемуваат ризикот од мозочен удар.

За алармирање е фактот дека дури и годините, социоекономскиот статус, пушењето, алкохолот, недостатокот од физичка активност и дебелината не се толку опасни како депресијата.