Дами, не ги повторувајте овие грешки оваа година!

7 грешки кои ги треба да ги оставите зад себе оваа година, кога станува збор за убавината. Убавината е важна, а животот е динамичен. Денот е краток и секојдневието многу брзо може да не проголта. Ако на овие работи не обрнувавте внимание минатата, погрижете се да обрнувате внимание, оваа година.

1

Не ги грицкајте ноктите – Ако веќе не сте го сториле тоа, време е да се ослободите од оваа навика во детството. Забите не служат за грицкање на ноктите, кога има многу стилски, шик и модерни сетови за маникир во продавниците.

2

Внимателно со акните – на ваквите навики обично мајките најмногу замеруваат. Но, со тоа што ќе ја „малтретирате“ акната не значи дека ќе сеослободите од неа. Посетете дерматолог.

3

Не плашете се да експериментирате – едноставно не знаете што е добро за вас додека не пробате. Можеби синиот кармин е вистински избор.

4

Спиење со шминка – АПСОЛУТНО НЕ! Дури и кога ќе се вратите од најлудата забава, посегнете по марамчињата за бришење шминка кои ги чувате покрај креветот. За ова, нема милост!

5

Избегнувате заштитен фактор – Кремата за сончање со заштитен фактор е најдобрата метода против стареење на кожата. Нанаесувајте ја пред секое излегување на сонце, пред да ставите пудра, па дури и на тмурните денови.

6

Не ја потстрижувате косата доволно – Нема ништо поубаво од девојка со оштетена коса. Не ја чувајте косата долга по секоја цена. Одржувајте ја квалитетна, ослободете се од исушените врвови почесто и ќе изгледате посвежо.

tumblr_levrscfwya1qd6epuo1_500_large-32x82LemvDswDMmCRioo97

Регенерација – Не нанесувајте регенератор и маска за коса на темето, бидејќи го суши и го уништува. Регенераторот е наменет за врвовите. А што се однесува и до вашата кожа, во различен период од годината и е потребен различен третман. Па така, бидете флексибилни и грижете се за неа.