Болните мускулни грчеви во нозете често не изненадуваат во текот на ноќта. Се случува силината на грчот луѓето да ги разбуди од најдлабокиот сон. Кај повеќето, овој проблем се јавува од 45 до 50 година и тоа два пати почесто кај жените. Докажано е дека недостатокот од магнезиум е честа причина за грчевите.
Магнезиумот го регулира производството на енергија во клетките, метаболизмот и работата на повеќе од 300 ензими, го штити срцето и крвните садови, го намалува нивото на масти во крвта и ја спречува појавата на тромб .
За нервите и мускулите е, исто така, од суштинско значење бидејќи го регулира преносот на дразби до мускулите и го спречува грчењето и тресењето.
Најмалку десет проценти од возрасните страдаат од недостиг на овој минерал. Зголемена потреба за магнезиум имаат и младите, возрасните кои се под стрес или се изложени на голем физички напор, бремените жени, доилки и постарите лица.
Едноличната исхрана, стресот, спортските активности и мускулите кои се изложени на зголемен напор, употребата на алкохол и хроничните болести често го отежнуваат постигнувањето на потребната дневна количина на магнезиум – вели д-р Небојша Стојановиќ.
ИСХРАНАТА Е МНОГУ ВАЖНА
Посветете внимание на исхраната. Неопходно е секојдневно да се внесува магнезиум преку храната. Храната која е богата со шеќер, масти, бело брашно и готовите оброци содржи многу малку магнезиум , а кафето, “Кока-Кола” и алкохолот ја попречуваат неговата апсорпција.
Голем дел од магнезиумот се внесува преку храната од растително потекло, како што се зеленчукот и житарките. Јаткастите плодови (бадеми, кикирики и ореви), исто така, содржат големи количини на магнезиум. И со готвењето на зеленчукот во вода се губат големи количини на магнезиум, а со замрзнување на храната се губи речиси 40 отсто.
– Преработената храна, алкохолот, кафето, фосфатите од газираните пијалаци и рафинираниот шеќер лошо влијаат врз користењето на магнезиумот во телото.
Прекумерното консумирање на алкохол влијае на нивото на магнезиумот во телото, бидејќи алкохолот го поттикнува неговото излачување преку бубрезите – вели д-р Небојша Стојановиќ, тој наведува дека за време на вежбање и во сауна преку потењето се исфрла голема количина на магнезиум.
КОЈ Е ЗАГРОЗЕН
Активните спортисти особено имаат потреба од поголема количина на магнезиум. Исто така, околу 30 проценти од бремените жени страдаат од грчеви во мускулите, па затоа се препорачува редовно внесување на магнезиум од почетокот на бременоста.
Бидејќи не сме секогаш во можност преку храната да внесеме доволно количина на магнезиум, се препорачува да се користат додатоци на магнезиум, кои ќе ви помогнат брзо. Во консултација со лекар, може да земате и додатоци на магнезиум во форма на таблети, шумливи таблети или прав.
Експертите препорачуваат да се употребуваат шумливите таблети „Биолектра Магнезиум 240 форте“, бидејќи се раствораат без остаток и се многу прифатливи за употреба. Овие таблети со вкус на свеж лимон се раствораат во вода, овозможуваат моментална апсорпција и дополнителни течности.
Колку е доволно?
Бидете сигурни дека сте во фаза каде што ви треба повисока доза на магнезиум. Дневните потреби на возрасен се најмалку 300 милиграми од овој драгоцен минерал, но потребата се зголемува за време на бременоста, кога треба да се внесуваат најмалку 400 милиграми магнезиум.
За време на лактација, дневната потреба изнесува 450 милиграми, а во текот на периодот во кој редовно се занимаваме со спорт или напорна работа, потребно е најмалку 400 милиграми.
Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!
Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6
Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)