Броење овци за добар сон

Апчиња за спиење можат да ви го скратат животот тврдат истражувачи од Скрип Университетот од Калифорнија. Луѓе кои земаат хипнотички средства за спиење имаат скоро пет пати поголема шанса да умрат наредните три години од оние кои не земаат никакви средства. Освен тоа овие лекови доведуваат до опасност да се предозирате или да месечарите, го зголемуваат ризикот од респираторни инфекции па дури и тумор. Пробајте да ја победите несоницата без лекови така што ќе се будите секој ден во исто време и ќе одите во кревет кога навистина ќе ви се приспие.