Со црно чоколадо против брчките, сувата кожа и поттик за побрзо растење на косата

Ако мислите дека јадењето црна чоколада и штети на вашата кожа, време е да го смените вашето мислење. Имено, факт е дека уживањето во оваа слатко-горко задоволство нема да ви наштети, туку напротив, црната чоколада има повеќекратен ефект на вашиот изглед.

cokolada 2

Позитивната страна кај црната чоколада е што содржи мали количини на шеќер, а висок процент на какао. Освен тоа, богата е со витамини, минерали и антиоксиданси кои ја негуваат кожата. Со нејзиниот опоен мирис и структура, ја прават совршена состојка за нега на кожата.

Се уште не сте убедени во својствата на црната чоколада? Можеби овие неколку податоци ќе ве разубедат!

1. Помага кај сува кожа

Железо, калциум, витамини А, Б1, Ц, Д и Е се само некои од хранливите материи кои ги содржи црното чоколадо. Наместо шолја кафе или зелен чај, подобро земете една шолја какао, која ќе ја хидрира вашата кожа и ќе и го врати изгубениот сјај. Мртвите клетки на кожата можете многу лесно да ти отстраните со чоколаден пилинг кој лесно може и дома да го направите – само измешајте маслиново масло, кафен шеќер, какао во прав и ванила.

2.Ве штити од штетните UV – зраци

Флавонолите кои се наоѓаат во црното чоколадо е докажано дека и помагаат на кожата од изгореници, црвенила и други знаци на оштетување од УВ зраците. Кога ќе се нанесе директно на кожата, црното чоколадо и дава способност на кожата да се обновува и хидрира. Но, секако е пожелно и понатаму да нанесувате крема за сончање со висок заштитен фактор.

3. Ги намалува брчките

Откако ќе изедете парче црна чоколада, кожата делува посмирено и глатко. Освен тоа, на сите им е познато како делува стресот на вашата кожа, а токму какаото го намалува количеството на стресни хормони. Тоа значи дека помалку колаген ќе се собира на кожата, а со тоа се намалуваат брчките.

cokolada 3

4. Го враќа сјајот на косата

Домашно направена маска за коса од црна чоколада? Секако! На чоколадата додадете мед и јогурт, потоа таа смеса нанесете ја на косата. Косата прекријте ја со фолија и оставете ја да одстои еден час. Потоа измијте ја со ладна вода и уживајте во сјајната коса.

5. Го поттикнува растењето на косата

Бакарот, цинкот и железото се минерали кои го поттикнуваат обновувањето на клетките кој го овозможуваат растењето на косата, а токму црната чоколада е преполно со тие состојки. Со секојдневното консумирање на чоколадата, ќе го зголемите протокот на кислород и крв во кожата од главата, а вашата коса за брзо време ќе биде здрава и силна.