Можат ли долговечноста, доброто здравје и виткоста да се припишат на умереното конзумирање на вино, начинот на исхрана или начинот на живот?
Нутриционистичкиот прирачник ,,Винска диета” или ,, The wine diet” го носи последниот збор на научните истражувања на познатите стручњаци, а пред се на истражувањето на проф. Роџер Кордер.
Во оваа книга споменатиот професор изнел заклучоци на долгогодишното проучување на винските особини кој ги вршел на Сардинија, а од кои извлекол револуционерни заклучоци. Меѓу другото, книгата стана голем светски бестселер, а меѓу бројните славни личности кои ја прочитале и прифатиле се најде и Викторија Бекам, која вели : „Винската диета ќе ви покаже како да го прилагодите својот начин на исхрана и начин на живот за да бидете здрави, а доколку сакате да бидете витки, тоа ќе дојде само по себе во склоп на здравиот режим на исхрана на професорот Кордер.
Книгата е добитник на признанието „Gourmand world cookbook award“ во Велика Британија. Оваа диета ќе ви открие како ограничената конзумација на црно вино може да ви го осигура здравјето, штитејќи ве од опасност од срцев и мозочен удар, дијабетес и одредени видови рак. Ќе ви покаже како вашиот моментален начин на исхрана ве води до болест и како можете да ја поправите штетата. Како посебен додаток тука се и 50 едноставни и вкусни рецепти и двонеделно мени за јадење кое ќе ве одведе на здрав пат како секојдневно правилно да се храните благодарение на одличниот нутриционистички и „лајфстајл“ план кој ќе ви овозможи подолг и поздрав живот!
Моќни полифеноли
По зборовите на проф. Кордер исто дејство на човечкиот организам има и црното чоколадо со голем процент на какао чии зрна се извор на најдобар природен извор на антиоксиданси процијанид кој спаѓа во групата на полифеноли. Поради тоа најдобро е да се јаде чоколадо со 70 проценти какао. И виното и чоколадото содржат полифенол кој ги зајакнува крвните садови, спречува болести и го успорува стареењето. Полифенолите имаат силна антиоксидативна активност и неопходни се за здравјето, а најмногу ги има во овошјето, зеленчукот, виното,чајот и какаото. Научните истражувања покажуваат дека поради специфичните биолошки активности го штитат срцето и имунолошкиот систем.
Како да ја држите винската диета ?
Проф.Кордер истакнува дека неговиот нутриционистички план се заснова на медитеранската исхрана со изобилство на риба, маслиново масло, овошје, зеленчук, житарици, мешункасти, семенкасти и орашести плодови. Покрај сето тоа, неизбежна е и чаша црно вино со оброкот, а наместо десерт, три коцки црно чоколадо со висок процент какао. Истражувањата покажуваат дека подогиот животен век на Медитеранците произлегува од благотворната медитеранска исхрана во комбинација со квалитетно вино.