Нутриционистката Синтија Сас измислила диетален напиток со кој по четири дена ќе ослабите неколку килограми и дури 10 см во половината.
Секако, ако во тие четири дена се храните здраво и рамнотежено и не јадете слатки, грицки и мрсна и високо-калорична храна.
За чудесниот напиток потребни ви се следниве производи:
– 8 чаши вода (од 250 мл)
– една краставица
– еден лимон
– 12 листови мента
– едно парче свеж ѓумбир (или една лажичка ѓумбир во прав)
[rpi]
Добро измијте го лимонот, исецкајте го на парчиња и ставете го во вода. Излупете ја краставицата, исецкајте ја на парчиња и исто така, ставете ја во водата. Додадете ги и листовите од мента како и исецканиот ѓумбир. Сето тоа добро промешајте, поклопете ги и ставете ги во замрзнувач во текот на ноќта. Во текот на следниот ден пијте го овој напиток, а навечер направете си нов напиток за утредента.
Магичниот напиток пијте го барем четири дена и веднаш ќе ги видите резултатите.