Бременост & чоколада

Консумирањето чоколадо во текот на бременоста е добро за бебето, се покажало во истражувањата на финските научници, од Универзитетот во Хелсинки.

Истражувачите побарале од 300 трудници да го бележат нивото на стрес и количеството чоколади што ги јадат, и според тоа забелажале дека консумирањето чоколадо за време на бременоста, позитивно дејствува на однесувањето на детето.

Исто така е забележано дека децата на воздраст од 6 месеци, чија што мајка за бременоста секојдневно консумирала чоколадо, почесто се смееле и биле повесели.

Истражувачите кои го спровеле истражувањето признаваат дека неможат со сигурност да тврдат дека чоколадото и однесувањето на децата не се поврзани и со некои други фактори. Но исто така претпоставуваат дека забележаните дејства произлегуваат од хемикалиите во чоколадото, што се поврзува со позитивното расположение, кое се пренесува на новороденчето во матката.