Ако си бремена, тогаш сигурно имаш многу нешта на ум. Дали бебето ќе се развива како што треба, дали доволно добро се храниш, како ќе поминеш на породување, дали ќе стасаш да обезбедиш се што ти треба за почеток итн. итн.
И како да не е доволен притисокот што сама на себе си го правиш, тука се околните мајки експерти и искусните баби поради кои одново и одново се преспитуваш дали добро ја водиш бременоста.
Токму од овие причини, те се извинуваме што и ние ќе те натераме да се запрашаш колку се добри мултивитамините што ги пиеш во име на развојот и идното здравје на твоето малечко. Поточно, дали во мултивитаминската формула што ја одбра е вклучен холинот – есенцијална хранлива материја за која многу малку се зборува.
Холинот го диктира развојот на феталниот мозок, но влијае и на однесувањето на децата по породувањето. Уште поважно, холинот е оној кој спречува компликации на мозочниот развој кога мајката се соочува со каква било инфекција.
Развојот на феталниот мозок може значително да се искомплицира доколку мајката се разболи од вирус или инфлуенца. Вирусите во бременоста го зголемуваат и ризикот од ментални болести во подоцнежниот живот на новороденчето.
Бидејќи некогаш е невозможно да им избегаш на вирусите цели 9 месеци, добро е да знаеш дека холинот успешно го намалува ризикот од мозочни малформации.
Во истражувањето во кое биле вклучени 201 бремени жени, од кои 82 ( или 41 %) развиле инфекција во 16-тата гестациска недела, било потврдено дека нивниот имун одговор на инфекцијата, влијаел на плацентата така што ја компромитирал нејзината поддршка во однос на фетусот.
Главното прашање со кое се занимавала оваа студија гласи: Дали нивото на холин во плазмата на мајките кои се соочиле со инфекција во второто тромесечие од бременоста, влијае на развојот на мозокот и на раните постнатални индикатори на мозочната функција на новороденчињата?
Истражувачите заклучиле дека болните трудници со поголемо ниво на холин во плазмата – која го снабдува фетусот со холин преку плацентата – ќе родат бебиња кои ќе имаат подобри перформанси во мозочната функција во споредба со бебињата на мајките кои при разболувањето во текот на бременоста имале ниско ниво на холин.
Нивото на холинот кај бремените жени природно опаѓа во текот на вториот триместар и затоа фетусот станува ранлив. Студијата открила дека 54 % од трудниците не внесуваат доволно холин, а истото важи за 20 до 50 % од општата популација.
Бремените жени треба да внесуваат од 450 до 550 мг холин во денот.
135 од мајките кои учествувале во студијата, го продолжиле истражувањето тестирајќи го мозочниот перформанс на нивните 3 месечни бебиња. Истражувањето покажало дека нивниот когнитивен капацитет и однесување се развива непречено. Подоцнежните мерења во текот на годините покажале дека децата чии мајки имале недостиг на холин во бременоста, побавно стануваат свесни за себе и околината, имаат помали организациски способности, се далеку порасеани и имаат потешкотии да играат мирно и да се милуваат со родителите.
Dr. Viton Choline – суплемент за паметни генерации!
Нарачај веднаш на телефонскиот број (02) 3218-821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
или нарачајте онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/choline/
(Достава до домашна адреса со брза пошта)
Dr. Viton – Choline капсулите можеш да ги набавиш во Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, како и дрогериите на dm и во сите подобро снабдени аптеки.