Јаткасти плодови за силно машко срце

Доколку изедете една рака бадеми, ореви или некој друг вид јаткасти плодови на ден, можете значајно да го намалите ризикот од смртоносните срцеви заболувања, тврдат во своите истражувања научници од Бостон.

Јаткастите плодови се извонреден извор на протеини, здрави масти и други хранливи материи, посебно Е витамин (кој е антиоксиданс). Белковините се биолошки вредни, со добар распоред на аминокиселините кои можат да ги заменат оние од месото.

Покрај тоа оревите, односно сите јаткасти плодови, содржат омега 3 незаситени масни киселини (како и лососот), а тие го подобруваат нивото на добриот холестерол и го штитат срцето.

Во текот на студиите започнати во 1982 година, д-р Кристина Алберт го испитала влијанието на јаткастите плодови во исхраната на 21.000 лекари. Заклучила дека оние кои редовно конзумирале јаткасти плодови бројот на смртни случаи како последица на изненаден срцев удар бил за 47 посто помал отколку кај оние кои воопшто не земале јаткасти плодови.

Во друго Американско истражување, нутиционистите ги држеле две групи на луѓе на многу нискокалорична диета, но на едните им давале по осумдесет грама бадеми на ден, а на другите комплексни јаглехидрати, како тестенини, ориз и компир. После 24 недели, првата група ослабнала во просек 19 килограми, а другата само 12 килограми. Освен тоа, во првата група е утврдено намалување на високиот крвен притисок.

Како здрава замена за чипсот, соленките или переците, подобро е да се земат бадеми, ораси било кои видови (обични, индијски,бразилски) или кикиритки.

Една рака било кои јаткасти плодови ќе биде доволно за здрав и енергичен ден.