Веста за тајната мастектомија на Анџелина Џоли го вознемири светот и остави многумина во шок, а и прашањето дали ова е начинот на превенција. Уште повеќе изненадуваат плановите за отстранување на јајниците поради превенција.
Забележано е дека ја гледала нејзината мајка, која 10 години боледувала од рак и не сака да поминува низ истото. Ова е сосема коректна констатација кога не разбирате што е всушност превенција и како да влијаете на факторите на ризик.
Дали отстранувањето на здрави делови од телото навистина е превенција?
Треба да се поврзат некои точки за да се добие комплетна слика.
1. Дури и конзервативната Американска медицинска асоцијација се согласува дека 85 проценти од проблемите со здравјето започнуваат на емоционално ниво .
2. Во почетокот на деведесеттите прв пат слушнав од еден од лидерите на холистичкиот пристап кон здравјето, д-р Дејвид Песек дека е неспоредливо, многу помал бројот на наследни болести отколку што се мисли. Според неговите податоци, помалку од пет проценти од здравствените прашања се со наследна природа. Наследни форми се: моделот на однесување, емоционалните обрасци, навиките во јадењето. Доказ за тоа се посвоените деца кои развиваат хронични здравствени проблеми на родителите кои ги посвоиле,а не на своите биолошки родители. Нашите предиспозиции т.е наследните гени несекогаш мора да бидат активирани.
3.Се надевам дека до сега сте слушнале за епигенетиката или влијанието на надворешните фактори на активирањето на гените.Сите ние имаме различни предиспозиции кои немора никогаш да бидат манифестирани.Тоа што ги активира е нашата перцепција на надворешните влијанија.
4.Нашиот организам е високо интелигентен,има своја биолошка логика и работи по својот специфичен програм.Ниту едно нарушување на здравјето не се случува без причина. Постојат различни причини за тоа. предизвикувачи на стрес, емоции и верувања, кои предизвикуваат рак на дојка и јајници.
На Анџелина и е потребно да ги отстрани своите не процесирани емоции од времето кога таа ја гледала мајка си, која долго време страдала од рак. Ако тоа го комбинира со разбирањето на поврзаноста со емоциите, верувањата, ткивата и органите, не би донела ваква одлука. Во секој случај, секој прави најдобро што знае .
Се надевам дека сите вие кои го читате ова, сега знаете доволно за да не ги следите чекорита на Анџелина,Бидејќи со причина сме родени со сите делови на нашето тело.Делови од телото се отстрануваат само доколку се загрозени виталните функции на телото.