Ви откриваме осум работи кои досега не сте имале можност да ги дознаете за пениси.
Користете го или „поздравете“ се со него
„За да остане пенисот во форма мора да имате редовни ерекции, значи мора да биде во ’употреба’,“ вели урологот Тобиас Колер од Медицинското училиште на Универзитетот „Јужен Илиноис“. За одржување за здрав тонус и мускули, тие мора да бидат повремено снбдувани со кислород кој доаѓа со налетот на крвта која се слива во пенисот кога е во еректилна состојба. Доколку ерекциите не се редовни или воопшто ги нема, може да дојде до намалување на пенисот.
Нема врска што е мал кога е спуштен
Истражувањата покажаа дека голем пенис кој е во опуштена состојба не е нужно да добие на должина кога има ерекција. Истото важи и кога е обратна ситуација. Значи, доколу пенисот ви е мал кога е опуштен, може и тоа како да порасне кога треба да стапи во акција. Анализата која ја спровел сексологот Алфред Кинси на повеќе од 1000 испитаници, покажала дека кратките опуштени пениси имаат тенденција да станат два пати подолги кога имаат ерекција.
Зона на задоволство
Истражувањето спроведено на 81 мажи покажало дека најчувствителен дел е долниот дел од главичката и долниот дел од пенисот, потоа левата и десната страна на главичката и на крај горниот дел од пенисот. Резултатите од истражувањата се објавени во списанието „British Journal of Urology International“ од 2009 година.
Чувствителноста опаѓа со годините
Истражувањата покажуваат дека пенисот со текот на годините константно губи на чувствителност, иако е тешко да се каже колку. И покрај разликите во имплементирање, студиите покажуваат јасен тренд на намалување на чувствителноста, а тоа почнува од 25-та година од животот. Најголем пад на чувствителност се забележува помеѓу 65 и 75 години.
Вибратори се користат и со пениси
Вибраторите не се само за жени. Тие се исто така, добри и за пениси. Имено, вибрациите се толку ефикасни за пенисот што мажите со повреди на карлицата можат да ејакулираат со помош на посебен медицински вибратор. Во такви случаи вибраторот се става на долната страна на главичката од пенисот. „Вибраторите се направени да ги стимулираат деловите од нервниот состав кои се важни за ејакулација,“ појаснува урологот Тобиас Колер. Иако вибраторите често пати им помагаат на мажите кои имаат проблеми со ејакулација, не значи дека ако имате здравствени проблеми треба да го користите. Направете го тоа чисто поради забава.
Поголем е отколку што изгледа
„На поголемиот дел од мажите ќе им биде мило да слушнат дека нивниот пенис е поголем отколку што на ним им се чини“, вели Колер. Имено, половина од должината е внатре во телото. Коренот на пенисот е вовлечен внатре во карлицата и „приклучен“ е на срамната коска.
Пенисот е легло на бактерии
Истражувачите Ленс Прајс и Синди Лиу од Институтот за генетско истражување откриле дека на пенисот се наоѓаат 42 различни видови бактерии. Со подоцнежни истражувања е утврдено дека обрежаните пениси имаат нешто помалку бактерии.
Повеќето пениси не се обрежани
Според извештајот од Светската здравствена организација од 2007 година, во светот се обрежани само околу 30 отсто од машката популација постара од 15 години. Тоа секако има врска со обичаите и верата, но научниците велат дека и за здравјето е подобро пенисот да биде обрежан. Имено, во тој случај помали се шансите да се пренесат полно пренесливи болести, како и за оболување од рак на пенисот.