Ако и дома си под стрес, преуреди, декорирај и конечно уживај!

Сите ние сакаме живот без стрес, но експертите велат дека позитивната трансформација пред се треба да започне од нашиот дом!

И има смисла, зашто токму таму ние поминуваме поголем дел од своето време, од таму поаѓаме на работа и таму се враќаме, а што може да е подобро отколку да се вратиш во пријатно место кое те опушта и смирува штом зачекориш преку прагот?

Затоа не чекај, ако твојот дом во моментов не е најрелаксирачкото место на светот за тебе, ти ја имаш моќта да го направиш такво, а овие корисни совети секако ќе ти помогнат!

Влегувањето дома нека ти буди убави чувства

Според експертите, првото нешто што ќе го видиш кога ќе влезеш дома треба да е нешто што ти се допаѓа и ти буди убави чувства. Може да е слика, вазна со цвеќе, некој специјален сувенир, што и да е, кога ќе го погледнеш треба да те преплави позитивно чувство.

Зголеми го празниот простор во дневната соба

Докажано е дека анксиозноста се зголемува во мали и натрупани простории. Затоа, за да собата да делува поголема, обиди се се да ставиш на свое место и веднаш ослободи се од вишокот непотребни работи.

Бојадисај ги ѕидовите во бела или некоја друга нежна и светла боја, за визуелно да го зголемиш просторот. Онаа полица или масичка непосредно до ѕидот, доколку е во иста боја со него, ќе се претопи со позадината правејќи просторијата да изгледа многу поголема отколку што навистина е.

Користи поедноставна палета на бои и дезени

Едноставните бои и дезени делуваат смирувачки и пријатно е кога ги гледаме. Затоа, избегнувај да мешаш премногу различни бои или дезени одеднаш. Обиди се да држиш до две основни бои и додај една или најмногу две контрастни бои кои нема да доминираат во просторот, туку малку ќе го освежат и ќе му дадат живост. Ако сакаш атмосферата во твојот дом да биде релаксирачка, тогаш дај им предност на едноставните бои и дезени.

Додај акцент во живи бои

За да внесеш и малку позитивност и да побудиш чувство на среќа во просторот, додај акцент во живи, јаки бои. Застапете ги боите преку украсни перничиња, прекривки или ситни детали и украси.

Користи го правилото помалку е повеќе

Никогаш не ги натрупувај полиците или масичките со премногу работи и никако не го прави тоа без мерак. Избери ги само оние најважни предмети кои тебе ти имаат некакво значење и ти будат позитивно чувство.

Користи акцентирано светло во собите

Акцентираното светло во просторот кое светлосниот сноп го насочува токму онаму каде што треба, дава многу попријатен амбиент отколку силно светло поставено на едно место на плафонот. Светлината игра многу важна улога во смирување на умот и релаксирање на телото, затоа бирај мудро. Пожелно е на некои места да додадеш и по неколку свеќи, затоа што специјалната дискретна светлина која ја емитуваат, инстантно  го претвора просторот во топол и пријатен дом!

Прво преуреди се себеси, па после домот!

Некој успева да се расположи додека работи низ дома, а има и такви кои поради лошото расположение се дават во трошки и прашина. Без разлика во која група припаѓате, Dr. Viton Magnezan B6 e еликсир на среќата кој на сите им делува подеднакво добро. 

Комбинирајќи ги двете состојки со докажани релаксирачки својства, Dr. Viton креираше совршен сојуз кој ја средува психата изложена на стрес и нервози. Од овие причини Dr. Viton Magnezan B6 треба да стане сенката на вашето постоење. 

Остар ум, висока концентрација, мирно срце, опуштени мускули, се само дел од придобивките што ги овозможува Dr. Viton Magnezan B6, само поради тоа што успева да го контролира количеството на кортизол. 

Со Dr. Viton Magnezan B6 и домот на вашето срце е сосем безбеден!

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)