3 работи кои треба веднаш да ги направиш ако сакаш да го намалиш стресот!

Стресот стана неизоставен дел на твојот живот, но постојат толку многу начини за да го менаџираш. Но, што ако не си сигурен од каде да почнеш? Нели би било фантастично кога сега би научил само 3 лесни начини кои би ти гарантирале живот без стрес?

Ако ти се допаѓа идејата, тогаш си на вистинското место. Ова се нашите топ 3 методи кои не само што ќе ти заштедат време, туку и гарантирано ќе ти го намалат стресот!

Неповторлива понуда на Vitamin C Serum за 590 ден. + Подарок CLINOX

ЗА ДА НАПРАВИТЕ НАРАЧКА КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Редовно медитирај

За да го подобриш квалитетот на својот живот и за да му додадеш мир и јаснотија, неопходно е да ја вклучиш медитацијата во твојата секојдневна рутина.

Според повеќето експерти, медитацијата е особено важна кога станува збор за успешно менаџирање на стресот.

Таа претставува мошне моќна алатка која ги поврзува нашите тело, ум, здив и свесност и не прави да бидеме посмирени и поприсутни во секој сегашен момент од времето.

Ако никогаш порано не си се обидел да медитираш, тогаш земи во предвид дека медитацијата не мора да биде само предолго седење на јога душек и повторување мантри, туку истовремено може да биде интересно и поучно искуство кое може да ти ги прошири видиците и да му додаде поголема вредност на твојот живот.

Ако ти претставува проблем да пратиш пишан совет или да повториш некој туторијал кој си го видел онлајн, тогаш слободно избери некоја од предводените медитации, и верувај ни кога ти кажуваме дека одеднаш се ќе стане многу полесно!

Предводената медитација би можел да ја слушаш во било кое време од денот, дури и рано наутро веднаш по будењето или за време на некоја од твоите прошетки низ природа, можности има безброј, но немој да заборавиш дека најважната работа за медитацијата е редовноста и упорноста.

Штом одлучиш да практикуваш медитација, обиди се да си ветиш дека ќе ја правиш редовно, па макар и да е само по неколку минути секој ден. Бидејќи, редовното практикување на медитација се покажало дека има позитивен ефект врз одговорот кон стресот во мозокот.

Јади здрава и нутритивно богата храна

Ако навистина посакуваш живот со помалку стрес, тогаш запомни дека твојот ум и тело никогаш не смеат да бидат гладни или лишени од некоја важна хранлива состојка.

Храната која избираш да ја внесеш во твоето тело може да биде твој извор на здравје или на болест и стрес, и затоа обиди се да бираш мудро.

Со други зборови, здравата исхрана не е нешто што може или треба да се занемари.  Затоа, труди се да јадеш колку што можеш подобро избирајќи домашна органска храна или барем обиди се да не јадеш празни калории туку храна богата со разновидни хранливи состојки.

Овошјето и зеленчукот се важни, но никако не смее да заборавиш и на протеините, затоа што во нивниот состав влегуваат аминокиселини кои се храна за твојот мозок и тело.

Ако јадеш месо, сигурно внесуваш висококвалитетен протеин од животинско потекло, но доколку си вегетаријанец или веган, протеинот треба редовно и во доволни количини да си го обезбедиш од соодветните растителни извори. 

Денес едноставно не постои изговор за да не јадеш здраво, дури и кога немаш идеја, бидејќи на интернет има толку многу лесно достапни рецепти кои како да чекаат да бидат откриени токму од некој како тебе!

Вежбај секојдневно

Физичката вежба е многу битен дел од нашето физичко, емотивно и ментално здравје. И затоа и таа не смее да се занемарува!

Ако сакаш да си среќен и здрав, силен и витален, со задоволен израз на лицето поголем дел од времето, тогаш мораш да се потрудиш и да продолжиш редовно да си го раздвижуваш и вежбаш телото.

Кога вежбаш, без оглед што и да вежбаш, твоето тело создава ендорфин.

Ендорфините се среќни хемикалии и имаат моќ да направат да се чувствуваме добро.  Поради оваа причина, без оглед што и да спортуваш, без оглед дали си професионалец или аматер, и кога трчаш маратон, и кога полека се шеташ низ блискиот парк, целиот стрес навидум исчезнува и иинстантно почнуваш да се чувствуваш многу подобро.

Затоа, не размислувај премногу што и кога би правел, туку запомни само дека што и да избереш потребно е да си упорен и доследен. Само тогаш придобивките за твоето севкупно здравје ќе бидат неминовни.

Дај му поткрепа на телото да поднесе се – можеби ова е советот со кој требаше да стартува оваа статија, бидејќи денешното темпо на живот само по себе подразбира консумирање додатоци. Колку и да се трудиме, речиси е невозможно да ги задоволиме дневните потреби од витамини и минерали. Кога станува збор за хроничен стрес, тогаш магнезиумот и витаминот Б6 е неопходно да ги вклучите во животот долгорочно, како советите погоре. 

Магнезиумот и Б6 негуваат посебно пријателство за кои ниту стресот не е препрека. Успеваат целосно да го избришат од клетките така што го регулираат лачењето на стрес хормонот кортизол.  

Освен што ја подобруваат генералната слика на здравјето директно поддржувајќи го имунитетот, магнезиумот и витаминот Б6 се заслужни за здрав мозок и здраво срце. Делувајќи директно на јазлите на животот, тие успеваат да воспостават психички баланас во целиот организам. 

Затоа, не заборавајте да ја земете својата доза Dr. Viton Magnezan B6 и посведочите како за кусо време целиот организам ќе западне во зен состојба. 

Dr. Viton Magnezan B6е медитацијата што му е потребна на вашиот мозок!

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)