Дали е можно да се подобри умот, пиејќи го редовно пијалакот? Ќе мора да ве разочараме. Тоа не е можно. Но, можно е со внесување на некои пијалаци, да му обезбедите сѐ што му е потребно на мозокот за да функционира подобро.
1.Сок од калинкa
Сокот од калинка има силна антиоксидантна моќ, посилна дури и од црвеното вино и зелениот чај. Прелиминарните студии покажаа дека антиоксидантниот капацитет на сокот од калинка е три пати посилен од иста количина на зелен чај или црвено вино. Заштитниот ефект се должи на содржината на фитохемикалии : полифеноли, танини и антоцијани. Според препораките на израелските научници, една чаша сок од калинка на ден може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања, а докажано е дека ја подобрува меморијата.
2. Чај
Изберете црн или зелен чај, без разлика кој го сакате. Изберете црн или зелен чај, кој повеќе го сакате. Чајот е одличен начин да ја зголемите активноста на мозокот, бидејќи EGCG или епигалокатехин-3-галат, кој се наоѓа во зелениот чај, покажа дека зголемено производство на мозочните клетки и ја чува меморијата. Научниците тврдат дека е богат со антиоксиданси, кои се од суштинско значење за нашиот мозок, но и за целото тело.
3. Какао
Флавонолите во какаото се клучни за намалување на крвниот притисок, па така нивната редовна доза, значи помало оштетување на мозокот со текот на времето. Покрај значителното намалување на ризикот од мозочен удар, уште една добра карактеристика на многумина омилениот пијалак е тоа што чашата топло какао на ден има позитивни ефекти врз меморијата.
4. Црвено вино
Истражувањата покажале дека полифенолите во виното (дури и во чоколадото) го зголемуваат протокот на крвта низ мозокот. Резерватолот во виното, исто така, има позитивни ефекти врз функцијата на мозокот, но клучот кога станува збор за алкохолот е умереноста. Колку што е добар во мали количини, толку е и лош во големи количини.
5. Вода
Освен фактот што водата ги сочинува 70 отсто од нашето тело и дека ни е потребно за да ги отстранува токсините од телото, да ја направи кожата посјајна и повлажна, водата, исто така, помага кислородот да стигне до мозокот. Затоа, кога ќе бидете дехидрирани, имате главоболка и не можете да размислувате појасно.
6. Сок од јаболко, морков и цвекло
Ако ги измешате овие три состојки во блендер не само што ќе добиете убава комбинација на бои, туку ќе добиете и пијалак и исклучително богат со антиоксиданси, витамини и минерали. Цвекло го зголемува нивото на антиоксиданси во мозокот, морковот содржи бета каротен кој не е добар само за очите, но, исто така, помага при регенерирање на мозокот, додека за јаболкото е докажано дека ја спречува појавата на Алцхајмерова болест.