Топ 11 Видови На Храна Кои Се Богати Со Омега-3

Спирулина

Kонсумирањето Спирулината го намалува ризикот за заболување од срцеви болести, го намалува холестеролот и го зајакнува ткивото на срцето.

Минатата година повеќе од 17 милион луѓе во светот  умреле од срцеви заболувања . Стресниот начин на живот, лошата исхрана која води до покачен холестерол, покачени триглицериди се главните причини за кардиоваскуларни заболувања, инфаркт, покачен крвен притисок и артериосклероза.

Паралелни студии во Јапонија и Германија покажуваат дека спирулината успешно го намалува холестеролот , го намалува  крвниот притисок т и ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем  без несакани дејствија.

СВРТИ ГО ТРКАЛОТО НА СРЕЌА И ОСВОЈ ПОПУСТ ДО 40% ПОПУСТ ВО АЛФАЛАБ, СЕ ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ Е ДА ПОЧЕКАТЕ 30 СЕКУНДИ ЗА ДА ВИ СЕ ПОЈАВИ ТРКАЛОТО ЗА ПОПУСТ.

ЗА ДА ЗАПОЧНЕТЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Во Јапонија  при Универзитетот Токаи  спроведено е истражување врз 30 лица со покачен холстерол , триглецериди и блага хипертензија .  Тие консумирале 4 грама спирулина дневно и без да ја сменат вообичаената исхрана. После осум недели  кај сите  испитаници нивото на холестеролот е снижен во просек од 5%. Според истражувањето е заклучено дека спирулина го снижува холестеролот и ги ублажува срцевите заболувања и го намалува индексот на артериосклероза.

Јаткасти плодови

Еднострано незаситените маснотии ( се наоѓаат во јаткастите плодови, зрнестите и слично) имаат најниско ниво масни киселини и молекули кои се најдобриот трите вида маснотии: поли – заситени масти, заситени масти и моно – незаситени масти.

Јаткастите плодови се најдобриот начин во својот организам да ги внесете потребните здрави масти без грижа на совеста. Бидејќи масните киселини кои ги добиваме од јаткастите плодови се природни и не се хемиски обработени, тие се исклучително здрави за срцето.

Лосос и мрсна риба + Омега 3

Лососот е исклучително корисен за здравјето бидејќи изобилува со omega-3 масни киселини кои му годат на срцето и неговото здравје. На тој начин се намалува ризикот од срцев и мозочен удар како и високото ниво холестерол во крвта. Рибите како лососот, сардината и харингата помагаат во подигањето на нивото на добриот холестерол за 4%.

Бидејќи ретко кога се исполнува препорачаната доза на конзумирањето на риба од 2 – 3 пати во неделата, како извор на Омега – 3 масни киселини. Капсулите содржат полинезаситени Омега – 3 масни киселини, кои не се создаваат во организмот по природен пат. Омега – 3 масни киселини ги намалува зголемените вредности на холестерол во крвта, го штити срцето од кардиоваскуларни заболувања и е најдобрата заштита на срцето по претрпен инфакт и други шокови на виталниот орган.

Маслиново масло

Полно со незаситени масти, маслиновото масло го намалува „лошиот холесерол“ и го штити Вашето срце од секакви болести. Многу студии покажале дека мажите на Крит имаат многу добра крвна слика, речиси и да немаат случај на заболен од срцева болест и добар процент на „добар холестерол„ во крвта што е резултат на честата употреба на маслиновото масло во секојдневната исхрана. Секогаш одберете го ладно цеденото маслиново масло (EVOO) кое е најмалку преработено и употребувајте го како ефикасна замена за сончогледовото масло и путерот.

Грав

Половина шолја грав дневно помага во снижувањето на нивото на холестерол за 8%. Испробајте ги сите видови бидејки секоја од нив го снабдува организмот со една третина од дневните потреби за растителни влакна.

Црвено вино

Црвеното грозје кое се користи за производство на црно вино има значително влијание врз нивото на холестеролот. Од две чаши црно вино неделно можете да имате многу корист.

Ленено семе

Ленот е полн со омега3 масни киселини и растителни влакна. Само неколку семиња од лен во вашата салата, супа или врз вашата овесна каша за појадок, можат да направат толку многу за вашето срце.

Јаболка

Истражувањата покажуваат дека јадењето јаболка или пиењето на јаболков сок го намалува лошиот холестерол во телото. Јаболката се идеалната ужина.

Овесни трици

Растителните влакна кои ги има во овесните трици се врзуваат со киселините во тенките црева и го спречуваат повторното апсорбирање на холестеролот. За појадок измешајте ½ чаша овесни трици со 1 чаша немасно млеко.

Црно чоколадо

Ова за многумина омилена намирница изобилува со антиоксиданси и лековити состојки која го снижува холестеролот. Антиоксидансите кои се составен дел на црното чоколадо го намалуваат оштетувањето на крвните садови, како и нивното замастување во црниот дроб. Стручњаците тврдат дека со секојдневна доза од 100 грама црно чоколадо ќе се намали појавата од кардиоваскуларни проблеми за 21%.

Соја

Сојата го намалува холестеролот и е одлична замена за месо, бидејќи е многу богата со протеини. При купување на соја внимаавјте на солта која ја содржат. Колку помалку сол , толку подобро за вашето срце.