Стресот е добар за мозокот и меморијата

Премногу работите и под стрес сте? Гледајте го тоа од светлата страна – стресот е добар за вас.

Додека хроничниот стрес може да го зголеми ризикот од срцев удар и има негативно влијание на имунолошкиот систем, научниците открија дека краткотрајниот стрес е добар, бидејќи позитивно влијае на работата на мозокот, а посебно тоа се однесува на зголемување на меморијата, јавува Дејли Меил.

Во студии спроведени кај стаорци, американските истражувачи откриле дека краткорочниот стрес создавал нови клетки во мозокот кои го подобриле работењето на мозокот.

Научниците заклучиле дека периодичните стрес на настани го чуваат  мозокот буден, а луѓето ги прави повнимателни  и претпазливи.