Како познатите дами ослабеле повеќе од 20 килограми по породувањето?

Клер Дејнс вишокот на килограми го отстранила со кардио вежби, Ким се придржувала до Аткинсовата диета, а Кејт Мидлтон линијата ја должи на пливањето!

НАТАЛИ ПОРТМАН

Натали Портман вежбала јога во бременоста, а потоа планинарела.

Иако била веган, Натали Портман ги сменила навиките во исхраната, па така јадела и јајца и млечни производи. Во текот на бременоста редовно одела на јога и во теретана, а линијата ја повратила со планинарење со сопругот. Самата признала дека не се оптеретува со губењето на килограми, а веќе неколку недели по породувањето покажала завидна линија.

КЛЕР ДЕЈНС

Клер вишокот на килограми ги отстранила со кардио вежби

Само еден месец по породувањето и раѓањето на синот Сајрус, Клер Дејнс ја вратила својата линија. Нејзиното брзо слабеење предизвикало бројни реакции на Твитер на кој корисниците се прашувале како е тоа можно. Ѕвездата на серијата „Татковина“ тајната на добриот изглед и ја должи на здравата исхрана и кардио вежбите три пати во неделата. Овој тип на вежби го поттикнува метаболизмот и го забрзува согорувањето на калориите. Таа тврди дека тоа и помага да ја врати рамнотежата и да го намали стресот кој поттикнува дебелеење.

ДРУ БАРИМОР

Дру Баримор се придржувала до детоксикација

По раѓањето на ќерката Олив, Дру Баримор не брзаше да симне 18 килограми колку што се здебелила во бременоста. Ја сменила исхраната и побарала помош од Кимберли Снајдер, авторка на книгата „Детокс решение за убавина“. Линијата ја повратила со детоксикација, природни шејкови и избегнување на млечни производи и шеќер

ЕМИЛИ БЛАНТ

Емили Блант   добрата линија ја должи на шетањето со пес

Само десет недели по породувањето Емили Блант си ја поврати својата пред породилна тежина. Британската актерка за добрата линија може да му се заблагодари на редовното вежбање во текот на бременоста и долгите прошетките со песот по раѓањето на ќерката Хејзел.

КЕЈТ МИДЛТОН

Својата линија ја има доведено во ред во базен и теретана

Војвотката за време на целата своја бременост беше под лупа на јавноста, а особено после породувањето. Јавните медиуми следеа колку време ќе и биде потребно за да ги отстрани добиените 13 килограми. Таа тоа го направи за само 5 недели. Добрата линија и ја должи и на грижата за своето тело за време на бременоста. Војвотката се бавеше со пливање и пилатес, а после породувањето редовно одеше во теретана и трчаше. И пред бременоста се придржувала до исхраната со ниска содржина на јаглени хидрати, а тоа и овозможи и полесно да ги отстрани вишокот килограми.

КИМ КАРДАШИЈАН

Ким со Аткинсовата диета симнала 22 килограми

Ким после раѓањето на својата ќерка Норт изгубила повеќе од 22 килограми и тоа гордо го покажа на насловната страна на списанието. За својата добра линија може да им се заблагодари на чучњевите. Секое утро правела 100 чучњеви. Исто така, се придржувала на Аткинсовата диета без јаглени хидрати и тоа го поттикна трошењето на масните наслаги. После првата фаза, постепено се воведуваат јаглените хидрати, но шеќерот и преработената храна треба да се избегнуваат. Меѓутоа, Ким еднаш во неделата има право на мамење. Тој ден може да си дозволи што и да посака, но во умерени количини. Таквата техника ја спречува целосно да потклекне.

КРИСТЕН БЕЛ

Кристен Бел симна 20 килограми со пилатес и трчање на трака

Актерката за време на бременоста накачи 20 килограми, а само после 11 недели симна речиси половина. Со останатите почна да се бори само што и го дозволи тоа нејзиниот лекар. Останатите 10 килограми ги сима на трака за трчање во теретана. Кристен вежбала 3-4 пати неделно, а во неделниот режим на тренирање го имаше вклучено и пилатесот и велосипедот во теретана.