Без оглед на тоа дали сте ги добие во текот на бременоста, поради зголемената тежина или губењето на тежина , или едноставно генетски сте предиспонирани, стриите се многу честа појава на кожата. Но, наместо да трошите големи суми пари за скапи креми за превенција и ублажување, постојат некои вообичаени производи за кои никогаш не би сте рекле дека тие може да бидат толку ефикасни.
Сок од компир
Сокот од компир е одличен лек за стрии,бидејќи го поттикнува растењето и ги обновува клетките на кожата. Исечете го компирот на делови и потоа со нив, тријте ги деловите, каде што имате стрии неколку минути,така што ќе го опфатите целото зафатено подрачје. После неколку минути измијте се со млака вода.
Витамин Ц и шеќер
Шеќерот можете да го употребите за пилинг на кожата. Измешајте една лажица шеќер, додадете малку бадемово масло и неколку капки сок од лимон. Сето ова добро измешајте го и нанесете го на стриите. Масирајте го околу десет минути на кожата пред да се истуширате.
Путер од какао
Путер од какао, најдобро влијание има на стриите кои се јавуваат после бременоста. Нанесете го на колковите, бутовите, задникот и стомакот наутро и пред спиење.
Пире од моркови
Направете пире од сварени моркови, нанесете го на стриите и оставете да дејствува колку можете подолго, а потоа измијте се со млака вода ( Внимание : кај светлиот тен може да дојде до привремено боење на кожата во портокалова).
Алое вера
Алое вера е корисно кај многу проблеми со кожата, има важни хранливи и активни материи, кои може да се употребуваат во третманите кај малите изгореници. Благодарејќи им на лековитите и благотворни својства, добро е и за стриите. Директно втријте гел од алое вера на зафатеното подрачје и оставете го неколку минути да се исуши, а потоа измијте го со млака вода.
Маслиново масло
Богато е со хранливи материи и антиоксиданси кои помагаат во подобрувањето на различни кожни проблеми, вклучувајќи ги и стриите. Намокрете памучна вата или меко крпче во маслиново масло и нанесете го на стриите, така ќе ја подобрите циркулацијата и во голема мерка ќе ги намалите стриите. Можете да го оставите на кожата целосно да се впие, а така да и овозможите целосно да ги искористи витамините А,Д и Е. Можете да направите мешавина од маслиново масло и оцет и да ја употребувате како ноќна крема за хидрирање на кожата.
Грозје
Грозјето е еден од најдобрите начини за хидрирање на кожата, неговите состојки ја заштитуваат и разубавуваат кожата. Можете да го нанесете како маска,оставете го да дејствува 20-30 минути и потоа измијте го со млака вода. Ќе ги намали стриите кои ги имате и ќе ја спречи појавата на нови.
Масло од чајно дрво
Едно од најдобрите масла за кожа е маслото од чајно дрво. Ова масло има големи анти – бактериски, анти – вирусни и анти – воспалителни својства кои го прават благотворно за многу проблеми со кожата. Можете да го нанесувате еднаш дневно.
Има силен медицински мирис, поради кој на многумина не им се допаѓа, меѓутоа, мирисот после некое време се намалува.