Консумирајте ги почесто и полесно ќе изгубите вишок килограми
Не е тешка задача да придвижиме нашиот метаболизам – но не е и голема обврска. На пример, додавање на било која од овие шест храни во вашата дневна исхрана. Толку едноставен начин да се придвижите вашиот организам.
Лути пиперчиња
Состојката капсаицин, која им го дава вкусот на лутите пиперчиња веќе подолго време се поврзува со забрзувањето на метаболизмот и намалување на желба за јадење.
Интегрални житарки
Тие ви нудат еден куп на диетални влакна и сложени јаглени хидрати, кои помагаат во забрзување на метаболизмот. Бидете сигурни тие да бидат вистински интегрални житарки, не дозволувајте да ве заслепат разни убави пакувања, т.н. житарки со чоколадо или овошје.
Кафе
Кофеинот “природно” го стимулира централниот нервен систем. Дневна доза на чаша кафе може да го забрза вашиот метаболизам 5-8 проценти.
Оцет
Таа содржи многу здравствени својства, вклучувајќи и согорување на мастите. Истражувањата покажале дека киселината во оцетот е таа која им дава сигнали на гените во телото за разбивање на мастите. Особено е корисно да уживате во оцетот откако ќе јадете рафинирани јаглени хидрати, поради тоа што оцетот го регулира нивото на шеќерот во крвта, за да не се зголемат набрзина.
Цитрусно овошје
Сите видови на овошје ги согоруваат мастите и го одржуваат вашиот метаболизам на нормално ниво. Следниот пат кога ќе сакате некакви грицки, земете си грејпфрут или портокал за да го задржите нормално нивото на инсулин.
Зачини
Тие се едни од полесните јадења кои се вклучуваат во исхраната за да ја задржите работата на вашиот метаболизам на што повисоко ниво! Најотпорните зачини како што се цимет и шафран ја вршат најдобрата работа за подигање на температурата на вашето тело, забрзувајќи го процесот на согорување на мастите во вашиот организам.