Овој Велигден може да го декорирате домот малку поразлично од вообичаеното – со велигденско венче во облик на зајче. Најмладите членови ќе се израдуваат многу, а изработката е доста едноставна.
Потребни ви се само 30 минути, тенка жица, лепак, ножички и зелени гранчиња кои лесно се обликуваат. Може да додадете и неколку украсни јајца или пак сатенски ленти со кои ќе го украсите.