Холивудски коктел за брзо „топење“ на вишокот килограми

Неверојатно здрав овошен пијалок. Овој коктел содржи висока доза на витамин Ц, одличен е за почеток на енергичен ден како и за освежување после сончање.

Се подготвува брзо, а долго ќе ве држи без чувство на глад.

Потребни состојки: 2 банани, 1 портокал, 2 киви, 10-12 вишни (свежи или од компот), половина чаша замрзнати боровинки, 1-2 чаши сок од портокал.

Сите состојки се ставаат во сад и се мешаат со миксер. Кога ќе се добие течна смеса, коктелот се служи во висока чаша. По желба може да додадете и две-три коцки мраз.

Количината е доволна за цел ден, односно за конзумирање до три пати.