Шампонот за суво миење на косата, е вистински спас во последен момент. Ако се уште не сте го пробале, време е да заштедите време и наместо да станувате половина час пред работа, потрошете само 5 минути за да имате свежа и миризлива коса. Сами направете шампон за суво миење на косата во вид на спреј.
Состојки:
- 1 лажица пченкарно брашно
- 4 лажици вода
- 1 лажица медицински алкохол
- 1 мал сад
- 1 спреј шише
- неколку капки етерично масло од лаванда, нане или ванила
Подготовка:
1. Ставете ги состојки во садот и измешајте ги добро, додека да добиете млечно бела течност, без грутки.
2. Истурете ја течноста во спреј шише.
3. Пред употреба шишето протресете го добро и испрскајте го коренот на косата, само колку да се натопи, па расчешлајте ја косата.
4. Со фен исушете ја косата , а ако не сте во брзање, можете да ја оставите сама да се исуши.
5. Алкохолот и водата ќе испарат, а брашното ќе ја апсорбира маснотијата од коренот на косата.