Исто како што одредени видови храна и пијалаци може да предизвикаат главоболка, така има и храна која може да ја намали болката. Откријте која храна ја ублажува главоболката.
Спанаќ
Веќе е познато дека спанаќот е многу корисен и здрав за нашиот организам. Одличен е и против главоболката бидејќи е богат со рибофлавин, тип на Б витамин кој ја спречува мигрената.
Мрсна риба
На помош против главоболка пристапуваат и омега-3 масните киселини. Нивните анти-воспалителни својства се ефикасни против хроничните главоболки.
Краставици
Доколку причина за вашата главоболка е дехидрираноста, голема е веројатноста дека ќе посегнете по вода. Сепак, храната со висока содржина на вода, како што се лубениците или краставиците, исто така, може да помогне.
Околу 20 проценти од дневното внесување на течности во телото доаѓа од храната. Лубеницата има дополнителна предност бидејќи содржи есенцијални минерали како што се магнезиумот и калиумот, чие ниво во телото се намалува драстично кога станува збор за дехидрација.
Компир
И покрај тоа што поради калиумот бананите им се препорачуваат на луѓе кои страдаат од главоболки , беше откриено дека средно печениот компир со кора содржи околу 926 милиграми калиум – што е двојно повеќе од бананите.
Кофеин
Се додека не претерате кофеинот може да ви помогне во отстранувањето на главоболката. Дури и голем број лекови против главоболка содржат кофеин.
Доколку консумирате 500 или повеќе милиграми во текот на денот, ризикувате да станете зависни.
Бадеми
Бадемите се одличен извор на магнезиум. Освен што се здрави грицки тие се одлични во борбата против главоболката. Една рака бадеми дневно ја спречуваат главоболката.