Истражување од Оксфорд универзитетот: Жените сo поголеми задници се поздрави

Научниците од Универзитетот во Оксфорд во нова студија открија дека жените со позадина  поголема од просечената имаат поголема отпорност на хроничните заболувања и се со натпросечна интелигенција. Според ABC News во студијата покажа дека жените со поголем задник имаат помалку тенденција кон ал холестеролот и произведуваат повеќе хормони кои го метаболизираат шеќерот. Затоа, тие се помалку подложни на развојот на срцеви болести и дијабетес.

Бидејќи развојот на оваа конституција бара зголемено количество на Омега 3 масти, тие се исто така заслужни за подобар и поинтензивен развој на мозокот. Студијата исто така покажа дека жените со поголема позадина и пошироки колкови раѓаат деца кои се во просек повеќе интелигентни. Студијата вклучува 16.000 жени.

Претходно објавени истражувања од Универзитетот во Питсбург и Калифорнија, исто така, покажа дека жените со поголем задник, пошироки колкови и тесен појас во просек живеат подолго од оние без овие карактеристики.