Следните билки го успоруваат напредувањето на болеста и ги намалуваат нападите, а истовремено превентивно делуваат и против болестите на срцето и го спречуваат ширењето на канцерозните клетки:
Црна рибизла
Маслото од црна рибизла содржи гама-линоленска киселина и омега 6- полинезаситени масни киселини кои се делотворни анти-инфламаторни соединенија за лекување на автоимунолошките заболувања. Се препорачува консумирање на 500 мг масло од црна рибизла, двапати дневно, а подобрувања се очекуваат по 8 недели.
Ноќна јаглика
Исто како маслото од црна рибизла, и маслото од оваа билка е богато со гама-линоленска киселина и се препорачува за сите видови мултиплекс склероза.
Ананас
Ананасот содржи ензими, панкреатин и бромелаин кои ги уништуваат молекулите на протеинот. Покрај тоа што се анти-инфламаторни, се покажало дека овие ензими помагаат во намалувањето на циркулирачките имунолошки комплекси кои најчесто се јавуваат во повисоки новоа кај бројни автоимуни болести, вклучувајќи ја и мултиплекс склерозата. Овие имунолошки комплекси го активираат имуниот систем да го нападне организмот, и на тој начин доаѓа до оштетување на ткивото.
Толчник
Магнезиумот се покажал многу делотворен кај некои случаи на мултиплекс склероза. Препорачана доза е 375 мг дневно. Доколку сакате да користите растителен извор, тогаш оваа билка е најбогата со овој минерал. На второ место се спанаќот и семето од мак.
Толчникот иако се смета за плевел, може да се јаде сиров во вид на салата или подготвен на пареа. Дневна препорачана доза е 250 мг.