Светскиот ден на дијабетесот под мотото „Бори се против дијабетесот. Сега” се одбележува денеска во повеќе од 160 земји членки на Обединетите нации (ОН).
Според податоците на Меѓународната федерација за дијабетес, 285 милиони луѓе во светот заболеле од оваа болест, која е меѓу најчестите заболувања на современото време.
Целта е одбележување на Светскиот ден на дијабетесот со свртување на вниманието на тој проблем.
Логото на Светскиот ден е син круг, усвоен како глобален симбол за борба против дијабетесот во 2007 година и го симболизира животот и здравјето, а сината боја е бојата на небото и знамето на ОН.