Имате желба да станете вегетаријанец? – Тогаш Вашиот нов избор на исхрана треба да започне со советување со нутриционист, барање на рецепти и набавка на вегетаријански книги за готвење.
Да се биде вегетаријанец во денешно време не е така тешко како што било неодамна. Во светот, а и кај нас, постојат доста вегетаријански ресторани и продавници за здрава храна во кои можете да пронајдете се што Ви треба за ваквиот стил на живот.
Во следниот текст Ви претставуваме краток водич, кој ќе Ви ги разјасни недоразбирањата во врска со ваквиот начин на исхрана, но и ќе им помогне на оние кои веќе се вегетаријанци, да научат нешто ново и корисно.
Преиспитајте се самите себе си!
Скоро секој вегетаријанец се прашува зашто станал вегетаријанец, и како може да издржи без месо?
Затоа е мошне важно пред да почнете со Ваквиот начин на исхрана да расчистите со самите себе и да бидете сигурни зашто сакате да се храните баш на ваков начин. Еднаш кога веќе сте одлучиле да станете вегетаријанец избегнувајте разговори за месо, не префрлајте на оние кои го консумираат и не им држете морални разговори. Доколку баш сакате да ги образложите кое е вашето мислење и став за во однос на ова, на оние кои не се вегетаријанци, направете го тоа мирно и без напаѓање.
Посетете нутриционист
Вегетаријанскиот начин на исхрана е мошне лесен и практичен, но само под услов да се храните здраво. Тоа значи дека меснатите оброци не треба да ги замените со леб или компир. Пред да почнете да се храните како вегетаријанец посетете нутриционист или диететичар кој ќе Ви открие кои се најдобри извори на витамини и минерали од неживотинско потекло. Нутриционистот исто така може да Ви состави и план на исхрана.
Важно е да сакате да консумирате овошје и зеленук
Мошне е важно да сакате да јадете овошје и зеленук, доколку тоа не е случај Вие не сте за вегетаријанец.
Набавете книги за готвење на вегетаријански и вегански оброци
Многу е важно покрај советувањето со стручно лице да набавите и соодветна литература – разни книги, да следите нутриционистички блогови и да ги пронајдете сите упатства во врска со овој начин на исхрана.
Придружете се
Доколку потполно сами сте одлучиле да примените нов режим на исхрана, имајте на ум дека тоа ќе Ви претставува потешкотија. Но, доколку имате пријатели кои се вегетаријанци, или Вашиот партнер е спремен да почне со нов начин на исхрана сето ова ќе оди многу лесно.
Бидете флексибилни
Со тек на време од воведувањето на новиот начин на исхрана, ќе приметите дека некои Ваши ставови за вредноста на намирниците и храната се менуваат. Може да дојдете до заклучок дека вегетаријанството не е доволно за Вас, и може да посакате да станете веган. Од друга страна има и такви кои ќе помислат дека консумирањето на месо со тек на време и не е така лоша идеја. Сето тоа е нормално и нема потреба да се вознемирувате околу тоа.
Останете смирени, задоволни и трудете се Вашиот ум секогаш да биде отворен за секоја нова