Ако кожата на вашите дланки е груба и сува од прекумерно користење на средства за чистење, или едноставно ви се оштетува во зимскиот период поради студот, постои еден трик кој можете да го направите за помалку од 1 минута:
Во вашата дланка истурете 1-2 лажички шеќер. Приближно иста количина дотурете маслиново или кокосово масло. Потоа убаво со кружни движења истријте ги дланките од двете страни. На овој начин ќе ги отстраните мртвите клетки од површината на кожата.
Рацете убаво исплакнете ги со млака вода и веднаш ќе ја забележите разликата!
Овој пилинг можете да го употребите за целото тело.