За подготовка на оваа маска ви е потребно во еден сад да ставете сок од еден портокал, малку рендана кора од портокал и две лажички маслиново масло.
Смесата треба да се измеша и со памук и да се нанесе на лицето,вратот и деколтето. Оставете ја да стои 15 минути, а потоа исплакнете го лицето со млака вода. Не треба да се става околу очите.
Маската делува на тој начин што витаминот Ц од портокалот ќе ја зацврсти структурата на кожата, ќе го зголеми создавањето на колаген додека маслиновото масло ќе ја омекне и нахрани кожата.