Жените кои пијат четири или повеќе шолји кафе на ден имаат 25% помалку шанси да заболат од рак на матката, покажало најновот истражување
Според истражувањето на Харвард на одделот за јавно здравство, објавено во магазинот Cancer Epidemiology, , Biomarkers & Preventio, жените кои пијат по четири шолји кафе на ден имаат 25% помалку можности за заболување од рак на матката, пишува Daily Mail.
Без разлика дали се работи за кофеинско или кафе без кофеин, истражување старо 26 години спроведено на 70 илјади жени, покажало дека кафето може да спречи лоши и опасни болести.
Имено, кафето го намалува појавувањето на хормоните кои го предизвикуваат ракот. Истражувач Едвард Џованучи вели дека кафето помага при видови на рак поврзан со дебелината, инсулинот и естрогенот.
Веќе е докажано дека штити од дијабетес, поради што се претпоставува дека спречува и појавување на рак – изјавил, додавајќи како лабораториските истражувања покажале дека кафето има повеќе антиоксиданси отколку овошјето и зеленчукот.