Љубовна диета, -10 килограми за 6 месеци

Американската ТВ ѕвезда Kerry McCloskey, во својата книга Ultimate Sex Diet, самата осмислила диета на база на секс со која тврди дека може ефикасно да се ослабне 10 килограми за 6 месеци без напорни режими и строги исхрани.

Храната која се вклучува во диетата е на база на афродизјаци, се со цел да се потикне сексуалната желба која е и најважен дел од оваа диета.

Со мечтаење поправете го мислењето за себе

Според неа, најдоброто средство за слабеење е човековата фантазија. Изградете го вашиот изглед во себе, замислете се онака како што сакате да изгледате. Тоа ќе ви помогне да си ја зголемите самодовербата и желбата за страстен секс.

Храна која ги задоволува сите сетила

Kerry во својата диета ги вклучува бананите, чоколадото и целерот, за кои тврди дека се основни намирници за подобро расположение. Таа нагласува дека е важно да се експериментира со разни егзотични јадења со примамливи мириси, бидејќи имаат афродизјачка моќ и ја потикнуваат сексуалната желба.

Романтична вечера

Афродизјаците се здрава храна, бидејќи луѓето треба да имаат здраво тело за да имаат здрав нагон за секс – вели Kerry. Лососот и сенфот треба да бидат дел од вашата романтична вечера. Сенфот го потикнува метаболизамот и го подобрува егото, а лососот е богат со омега 3 масни киселини кои го подобруваат расположенито и играат важна улога во подобрувањето на сексуалната моќ.

Со вежбање потикнете ја сексуалната моќ

Со вежбање се потикнува сексуалната моќ, а тоа се докажало со многубројните студии. Затоа Kerry, топло ги препорачува вежбите како дел од нејзината секс диета. Вежбањето ја подобрува циркулацијата и го поттикнува лачењето на ендофринот во мозокот, кој пак претставува хормон за среќа. Ова придонесува да се чувствувате добро во својата кожа, а со тоа ја зголемувате и самодовербата како и сексуалната моќ.

Откријте ги тајните ерогени зони

Почнете од ушите, вратот, полека и надолу, и откријте ги ерогените зони кои најмногу го возбудуваат вашиот партнер. Одвоете повеќе време за партнерот. Практикувајте го тоа редовно и така ќе можете да уживате во сексот, а со тоа да ја остварите и главната цел на оваа диета.

Ова се само неколку совети кои Kerry ги нуди за нејзината секс диета. Ultimate Sex Diet е книгата која треба да ја прочитате за да се информирате детално околу оваа бизарна диета на американската ТВ ѕвезда.