Кога треба да пиеш пробиотик, а кога пребиотик за да го заштитиш стомакот од антибиотици?

Ако пробиотикот е партнер на било кој антибиотик, тогаш партнер на било кој пробиотик е пребиотикот. Те збунивме?

Да поедноставиме: Дали ти кога пиеш антибиотик пиеш и пробиотик? Најверојатно да, за да го заштитиш стомакот и да не фатиш дијареа.

Но, пробиотикот е жив микроорганизам кој за да опстане и да ја заврши својата задача, неопходно е да се храни со Dr. Viton – Bio Fiber, пребиотик кој содржи растителни влакна од акација.

Пребиотиците во суштина се растителни влакна, но тоа не значи дека сите растителни влакна имаат пребиотска моќ.

Овошјето и зеленчукот изобилуваат со растителни влакна, но тие влакна не ја вршат истата функција како растителните влакна од акација Dr. Viton – Bio Fiber.

Пребиотиците се посебен вид на прехранбени растителни влакна кои го стимулираат растот, намножувањето и активноста на добрите бактерии во стомакот од кои зависи балансираната цревна микрофлора, функцијата на целиот дигестивен систем, но и силината на имунолошкиот одговор.

Затоа, растителните влакна може да се употребуваат како алтернатива за пробиотиците, но задолжително треба да бидат нивна поддршка, особено кога пиеш терапија со антибиотици.

Пребиотикот Dr. Viton – Bio Fiber освен како храна за пробиотикот што го пиеш, делува и сосем независно така што ја намалува можноста за дијареа, подуеност, грчеви, болки во абдоменот и други нус појави поттикнати од разорните антибиотици.

Ензимите во желудникот не ги деградираат пребиотските растителни влакна па затоа тие непроменети стасуваат во стомакот, а патем ги апсорбираат сите токсини и штетни остатоци од лековите.

Од друга страна, пребиотиците придонесуваат за зголемена апсорпција на минералите во храната што му оди во прилог на имунитетот.

Дијареата е најчестата нус појава предизвикана од терапија со антибиотици. Антибиотиците имаат за цел да ја уништат бактериската инфекција, но патем ги уништуваат и добрите бактерии и ја загрозуваат нормалната флора оставајќи простор за раст на патогени организми.

Со ваков проблем се соочуваат речиси 40% од луѓето што пијат антибиотици.

Дигестивните тегоби како дијареа, мачнина, надуеност, болка во стомакот, се појавуваат уште на почетокот од земањето на терапијата, но можат да се јават и после два месеци од земањето на антибиотикот.

Затоа неопходно е пробиотикот што го пиеш вистински да заживее во твојот стомак, тој е жив организам кој лесно може да изумре.

Тоа ќе го постигнеш со растителните влакна Dr. Viton – Bio Fiber, кои ќе го хранат и ќе го продолжат дејството на било кој пробиотик што го пиеш.

Со влакната од акација на Dr. Viton – Bio Fiber, ти го продолжуваш животот и ефикасноста на пробиотикот за да продолжи да те штити.

Dr. Viton – Bio Fiber можете да го нарачате онлајн

https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-bio-fiber/

Dr. Viton – Bio Fiber може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)