Излечете го херпесот на природен начин

Херпесот на усните е многу непријатна појава. Покрај тоа што пецка, нервира и долго трае , може да претставува и естетски проблем. Иако во аптеките може да се купат многу креми кои  помагаат  во лекување на херпесот, по нивната употреба на усните остануваат бели траги како мали лузни.

Херпесот обично е последица на инфекција со вирусот херпес имплекс, а се пренесува преку бакнежи, прегратки и со користење на ист прибор за јадење. По инфекцијата, вирусот е постојано  присутен во телото, скриени во нервите во близина на устата и носот, а на површината се појавува откако ќе ни се намали имунитетот .

Направете густа смеса од три големи чешлиња лук кој треба ситно да го изрендате, и 100 g мед. Со оваа мешавина мачкајте ги инфицираните делови.

Од херпесот можете да се решите и ако го мачкате со трипостотен хидроген или масло од тиква , кое може да се купи во сите продавници за здрава храна. Друг природен лек за херпесот е брашното од леќа.
Едноставно, една лажица брашно прелијте ја со две чаши врела вода, малку поварете и добиената смеса мачкајте ја на болните делови.

Измешајте една лажица сол и една лажица сода бикарбона со малку вода за да се направи густа смеса, која ќе ја мачкате  неколку пати во текот на денот. Како природни лекови против херпес добро ќе ви дојдат и алое вера, нането и прополисот.