За време на топлите денови стапалата зголемено се потат, што создава идеални услови за развој на бактерии кои предизвикуваат миризливи нозе. Ако сакате да се решите од овој проблем, пробајте еден од овие пет совети.
1. Дозволете им на стапалата да дишат
Секогаш кога е можно, носете сандали за потта да испари од вашите стапала.Чевлите не му овозможуваат на воздухот да стигне до стапалата. Ако носите патики или било кои други затворени чевли, набавете чорапи кои ќе ја извлекуваат влагата. Тие се произведени од мешавина на синтетички влакна и по капиларен пат течноста ја пренесуваат на надворешната страна на чорапите. Избегнувајте памучни чорапи кои ја апсорбираат влагата, поради што стапалата секогаш ќе бидат влажни. Исто така, носете неколку пара чорапи секогаш со вас и менувајте ги во текот на денот.
2. Исчистете ги нозете од бактерии
Добри борци против бактериите се сапунот, водата и добро исушените нозе. По миење на нозете, на стапалата можете да нанесете малку гел или спреј за дезинфекција на рацете Или обидете се’со следново: Измешајте еден филџан алкохолен оцет со четири литри топла вода и држете ги стапалата 15 до 30 минути еднаш или двапати на ден .
3. Одстранете ја влагата
Пред да ги облечете чорапите или обувките на стапалата ставете тенок слој на бебе пудра во прав, пченкарен скроб или обична сода бикарбона за да ја апсорбира влагата. Можете да нанесете и антиреспирант на табаните и помеѓу прстите, пред спиење и повторно по утринското туширање.
4. Исушете ги обувките
Дадете им можност на чевлите да се исушат неколку дена помеѓу носењето. Можете исто така да користите пудра за чевли или миризливи влошки, но не заборавајте да ги замените откако ќе го изгубат мирисот. Ако вашите чевлите имаат многу непријатен мирис, оставете ги да се исушат на свеж воздух .
5. Побарајте помош од лекар
Ако ништо друго не ви помага консултирајте се со дерматолог и побарајте појак антиреспирант. Можно е да се работи за хиперхидроза, односно претерано потење кое лекарот ќе умее да го реши.