Одберете „бабински“ килоти

Докторите го советуваат женскиот пол да ги исфрлат тангите од своето секојдневие и повторно да ги користат обичните килоти како би го зачувале своето здравје.

Дојдено е до ова предупредување заради големиот број на пациентки кои болуваат од воспаление на гениталиите. Гинеколозите тврдат дека тангите можат да и наштетат на осетливата кожа во пределот на гениталиите, особено ако тие се премали или направени од лоша ткаенина.

Томас Гент, член од друштвото на гинеколози од Хамбург, кој работел на ова истражување, објаснува дека повредите од носењето на танги може да придонесе за ширење на бактерии и создавање на габични инфекции во овој предел.

Загрижува фактот што секоја втора жена помлада од 50 години секојдневно носи танга.

За доброто на вашето здравје одберете квалитетна памучна долна облека.