Зашто високиот крвен притисок е опасен за бубрезите!

Хипертензија или покачен крвен притисок е многу подмолна болест, чии симптоми вообичаено се појавуваат кога веќе е доцна и тогаш предизвикуваат многу компликации во здравјето.  Најчесто проблемите кои се последица на неконтролираниот крвен притисок ги зафаќаат црцето, мозокот, очите и бубрезите.

Здравите бубрези се неопходни за отстранување на вишокот на течност и отпадните материи од телото.

За жал покачениот крвен притисок може да ги оштети крвните садови во и кон бубрезите а со тоа да ја наруши нивната нормална функција.

Најчести проблеми кои се последица на покачениот притисок се гломерулоскерозата и откажувањето на бубрезите.

Гломерулосклероза е состојба при која се оштетени ситните крвни садови во самите бубрези и ја губат способноста да филтрираат течноста и отпадот од телото.  Понатака оваа состојба може да доведе и до целосно откажување на бубрежната функција.

Откажувањето на бубрезите честопати е последица токму на хипертензијата, а ризикот е уште поголем ако е присатна и шеќерната болест.

Во случај на откажување на бубрезите, во телото се насобираат опасни нивоа на нефилтрирана течност и отпадни материи и тогаш единствен излез е дијализата или трансплантацијата на бубрезите.

Штетата која покачениот крвен притисок може да ја предизвика не само врз бубрезите туку и врз целото тело и здравје на човекот е огромна и затоа е неопходно да неговата појава се спречи или доколку веќе постои хипертензија истата да се стави под контрола.

За таа цел неопходно е да се промени начинот на живот, да се напуштат штетните навики, а да се зголеми физичката активност и внесот на здрава и разновидна храна, во која никако нема да биде занемарен внесот на есенцијалните омега -3 масни киселини.

ЕПА (еикопентанонска киселина) и ДХА (доксахексаноична киселина) се есенцијални масни киселини, неопходни за одвивање на многу животни процеси, но поради тоа што не се создаваат во човечкото тело, треба да се внесуваат со исхраната (мрсна риба, лосос, макарел, харинга итн) или во форма на квалитетни додатоци во исхраната.

Омега – 3 масните киселини имаат неверојатно моќно дејство за намалување на покачениот крвен притисок кое е докажано и со научни студии и затоа се едни од најпрепорачуваните суплементи за лицата кои страдаат од висок притисок.

Со студии е откриено дека за да се постигне значително намалување на притисокот, потребно е да се земаат од 3 до 6 грама ЕПА и ДХА дневно.  Во ваков случај и при редовна употреба се очекува во период од 6 недели систолниот притисок да се намали за 5-6 mm Hg а дијастолниот за 3-5 mmHg.

Предноста на омега-3 во споредба со класичните лекови е што тие не предизвикуваат несакани ефекти.  Единствено што треба да се знае е дека Омега-3 киселините не треба да ги користат луѓето алергични на морска храна, оние со нарушено крварење, како и лицата кои користат лекови кои го зголемуваат ризикот за крварење. Рибиното масло, во чиј состав природно влегуваат и омега -3 масните киселини  не смее да се зема две недели пред или после операција.

Dr.Viton OMEGA-3  е квалитетен додаток во исхраната кој ќе ти овозможи доволен внес на есенцијалните масни киселини во телото и истиот е достапен во аптеките на: Еурофарм, Виола, Галениум, Бети, и во други подобро снабдени аптеки, а го има и на рафтовите во ДМ-дрогериите и Cosmo – Тинекс!

Нарачај го веднаш онлајн 

https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-omega3/

или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)

Dr.Viton OMEGA-3  ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта!