Краставицата го чисти организмот од штетните материи од желудникот, ја јакнат неговата слузница, спречуваат опстипација и го нормализираат процесот на варење на храната.
Благодарение на посебен ензим во нивниот состав, тие се корисни за разградување на белковините поради што и се препорачуваат како неизоставен прилог на месните оброци.
Краставиците го подобруваат функционирањето на органите за мокрење, ги чистат бубрезите, мочниот меур и мочните патишта од отрови и бактерии. Благодарение на своите состојки, посебно на горките материи, краставиците благопријатно влијаат врз работата на црниот дроб и жолчката и го чистат и намалуваат количеството на шеќер во крвта.
Оттука, тие го зголемуваат имунитетот на организмот и го поттикнуваат целиот процес на размена на материи, ги јакнат нервите и влијаат благопријатно против стресни состојби. Затоа што се добри за здравјето, краставиците отсекогаш имале широка примена во народната медицина.
Краставиците содржат изобилството од вредни состојки.
Со нив со векови се ублажувале многу болки и се лечеле разни болести: бубрежни и жолчни камења, изгореници и разни рани, дијабетес, воспаление на зглобови, потеченост на нозете и рацете како и потешкотии предизвикани од климактериските промени.
Со краставицата тие се бореле и против зголемена температура. Температурата се намалувала со испивање чаша сок од краставица.
Краставиците се нискокалорични, но многу брзо создаваат чувство на ситост, брзо се варат, со што го забрзуваат процесот на варење и ја одржуваат телесната витост.
Стручњаците препорачуваат консумирање една краставица дневно за одржување на линијата, а за намалување вишок килограми препорачуваат лесна диета.
Диетата треба да се состои од свежо истиснат сок од краставица, разреден со исто количество сок од јаболка, кој треба да се консумира наутро и навечер во период од две до три недели.