Опра Винфри – Најсилниот борец во борбата со килограмите

Нејзината борба со килограмите го привлекува вниманието на американската јавност повеќе од 20 години.

Во 1988 година, во нејзината емисија која бележи рекорди според гледаност „новата“ Винфри пред камерите излегла во тесни фармерки туркајќи количка во која имало 30 килограми сало – тежина која ја загубила ослабнувајќи од 98 на 68 килограми. Подоцна тие килограми и се вратија.

Опра како и секоја жена која во својот живот се бори со килограмите ги има испробано сите популарни диети но постајано се борела со јо-јо ефектот кој го создаваат диетите. Диетите постојано ги менувала но никогаш не го променила својот личен тренер Боб Грин кој е еден од најпознатите светски фитнес тренери.

Активните тренинзи со Боб Грин и ја подобриле кондиција и благодарение на секојдневните напори била подготвена и да трча маратон.

Нејзиниот тренинг започнува секое утро во 05:30 часот, а наместо со утринско кафе Опра денот го започнува со трчање до фитнес центарот. По претрчувањето на четири километри вежбањето го продолжува со кардио и пилатес вежби.

По завршувањето на утринскиот тренинг Опра го започнува работниот ден со здрав појадок и тоа менито за појадок секогаш, и е исто: свежо пециво со диетален џем и манго. Ручекот секогаш е во 14 часот и обично тоа е зеленчукова супа, вегетаријански сендвич, а пијалокот е секогаш минерална вода.

По работното време Опра продолжува со вежбање во фитнес центарот со најнапорниот тренинг и продолжува со трчање на дополнителни четири километри на подвижна лента, а потоа продолжува со 350 вежби за стомакот.

Денот го завршува со ниско калорична вечера: зеленчук и бело пилешко месо или риба. По вечерата Опра продолжува со пилатес тренинг во домашни услови.

Контролирањето на тежината е контролирање на сопствениот живот, вели Опра, а наш предлог е да го послушате советот и за почеток да ги замените калоричните оброци со предлог менито на Опра надополнето со дневна физичка активност.