Целулитот е нормална појава: го имаат дури и најслабите манекенки и славните девојки. Сепак, ова не значи дека против него не треба да се борите за ова лето да изгледате најдобро во вашиот омилен костим за капење.
Многу експерти велат дека е невозможно да го отстраните целосно (зборуваме за тврдокорниот целулит), но се согласуваат дека со комбинирана: храна, вода, вежби, масажа, креми, може да се минимизира. Потребно е многу време и упорност, па ќе биде најдобро со својата “анти-целулит програма” да почнете од денес!
1. Масажа, дренажа и пилинг
Масажите се важен дел од овој процес, но ако немате пари да одите во салон за масажа, масирајте се на областите со целулит дома. Најдобри се кружните движења, и секогаш масирајте од глуждовите или колената нагоре. Исто така, барем еднаш неделно користите анти-целулитен пилинг кој може да го направите од мелено кафе, малку кафеав шеќер и една лажичка маслиново масло. Познато е дека кофеинот ја стимулира циркулацијата!
ВАЖНO! Ако имате чувствителни капилари, избегнувајте антицелулитна масажа во салон! Поради силен притисок, капиларите може да се прошират и тоа да изгледа полошо од целулитот .
2. Правилна исхрана
Кога станува збор за храна, тука нема некоја мудрост. Масната храна, чоколадите и тортите ќе го зајакнат вашиот целулитот, додека овошјето и зеленчукот ќе го забрзаат метаболизмот и ќе помогнат да се намалат телесните масти и целулитот. Изберете салати, пилешки гради, посна шунка, ‘ржан леб, ниско-масен јогурт и храна варена на пареа, а покрај сето ова – пробате да ја отстраните солта од исхраната. Таа ја задржува водата во вашето тело!
3. Пијте многу течности
Зголемете го внесот на течности! Пијте многу вода во која можете да исцедите лимон, или портокал, а исто така познато е дека зелениот и жолтиот чај супер помагаат за отстранување на целулитот. Незасладениот чај сварете го во голем сад, поделете го во шишиња од пола или 1 литар и пијте го во текот на денот.
4. Анти-целулитни креми
Иако многумина сметаат дека анти-целулитните креми се обична измислица, постојат научни докази дека навистина делуваат. Се разбира, ако јадете масна храна, не се движите и не пиете доволно течности, нема да го отстраните целулитот, но ако ги примените со “анти-целулитен микс”, може да покажат одлични резултати. Сепак, не слушајте ги само рекламите, малку истражете по форумите и прочитате што кажуваат девојките за нивните искуства со овој тип на масажа. Најефективните креми најчесто се оние со сосема прифатливи цени!
5. Вежби
Ако имате проблем со целулит на задникот и бутовите – само посветете се на интензивно вежбање. Супер ќе ви дојдат кардио – вежбите неколку пати неделно затоа што така со потење ќе се ослободите од токсините. Покрај тоа, секој втор ден, пробајте различни вежби.