Првите знаци
Голем број на луѓе ги игнорираат раните знаци на рак, се жалат на погрешни лица и одат на лекар дури кога работата е смртно сериозна. Препознајте ги првите знаци и побарајте помош на време.
Рутинските тестови, како што се ПАП тестот и колоноскопија се многу важни за рана превенција на ракот, но за да се идентификува болеста на време обрнете внимание на симптоми кои можете и сами да ги уочите.
Важно е да не ги игнорирате невообичаените, нови и необјаснети симптоми. Иако тие може да предизвикаат помалку опасни болести, доколку потрајат, вреди да се проверува состојбата кај вашиот лекар. Не би сакале да им се приклучите на оние кои имаат рак кои кај лекарот дошле дури во напредната фаза на болеста, кога шансите за излекување се мали.
Тешкотии со дишење
Еден од првите знаци на рак на белите дробови, на кои заболените луѓе доцна се сеќаваат, е останување без здив. „Не можев ни да прошетам низ дворот без да се задишам. Мислев дека сум имала астма, но како е можно да сум го немала пред тоа?“, се сеќава еден пациентка.
Ракот на тироидната жлезда може да предизвика проблеми со дишењето, ако јазлите или туморот го притискаат душникот. Било какви постојани проблеми со дишењето се причина за посета на лекар.
Проблеми со голтање и засипнатост
Проблемите со голтање поврзани се со појавата на рак на гркланот и хранопроводникот, а тоа е понекогаш знак за рак на белите дробови. Засипнатост, потивок глас или чувството дека нешто ви го притиска гркланот може да биде првиот знак за рак на тироидната жлезда. На истото може да укажува и чувството дека нешто е заглавено во душникот.
Зачестена температура и инфекција
Ова може да биде знак за леукемија, рак на крвните клетки, кој започнува во коскената срцевина. Леукемијата предизвикува коскената срцевина да произведува абнормални бели крвни клетки, па така телото веќе не може да се бори со инфекции. Лекарите често ја дијагностицираат леукемијата само откако пациентот неколку пати ќе се пожали на треска, болки и симптоми слични на грип, кои траат подолго време.
[rpi]
Проблеми со желудникот
Не е важно колку и да звучи бенигно, но абдоминалната болка на некои луѓе им го спаси животот, бидејќи лекарите на време ги пратиле на ултразвук и откриле дека имаат тумор на црниот дроб. Грчеви во стомакот или чести проблеми со желудникот може да укажуваат и на рак на дебелото црево. Многу луѓе кои имаат рак на цревата кажале дека нивните лекари мислеле дека страдаат од чир.
Слабост и замор
„Секогаш сум чувствувала потреба да седнам, а една вечер бев премногу уморна за да возам дома“, изјави една жена, опишувајќи го заморот со кој таа открила дека боледува од леукемија. Општата слабост и заморот се другите симптоми на различни форми на рак, па затоа важно е да се забележат и другите симптоми. Во секој случај, ако без причина се чувствувате уморни, а долгото спиење не ви помогне да го запрете заморот, разговарајте со вашиот лекар.
Не грижете се бидејќи бабата, мајката и сестрите се здрави
Иако луѓето често мислат поинаку, генетиката е од клучно значење само во мал број на случаи. Конкретно, за ракот на дојката во 95-96% од клучно значење е случајноста. Само во мал број на случаи, генетиката е од клучно значење.
Промени на ноктите
Необјаснети промени на ноктите може да укажуваат на различни форми на рак. Кафеава или црна линија или точка под ноктите може да укажуваат на рак на кожата. Новиот феномен на криви нокти (растат надолу по врвовите на прстите) може да укажуваат на рак на белите дробови. Бледи или бели нокти може да укажуваат на тоа дека црниот дроб не функционира како што треба, а понекогаш укажуваат на рак на црниот дроб.
Хронична киселина во стомакот како и чувството на ситост после помал оброк
Најчесто првиот знак за рак на желудникот е болка во горниот или средниот абдомен кој потсетува на горушица. Се влошува со јадење. Она што збунува е тоа што симптомот исчезнува по земање на анти-металоиди, што ве наведува на лажен впечаток дека станува збор за помал проблем. Доколку имате чести напади на стомачна киселина и болки во стомакот, како и чувство на ситост после помал оброк, појдете на лекар.
Хронична горушица
Ако сте изеле голема пица, горушицата е можна реакција на желудникот, но ако горушица се случува често или ве следи константна мала болка во градите после јадење, јавете се кај вашиот лекар и побарајте тест за ракот на хранопроводникот.
Најсмртоносниот е бронхијалниот и ракот на белите дробови, како и рак на дојка
Ако се гледа по највисоката смртност од рак на органите, на прво место е туморот на бронхиите и белите дробови.
Овој рак има екстремно висока стапка на смртност, во Хрватска секоја година се регистрираат по 2.800 нови случаи. Годишно од овој вид на рак умираат околу 2.000 луѓе. За споредба, од рак на дојката годишно се дијагностицираат 2.300 нови луѓе, а во исто време умираат околу 800 пациенти.
Проблеми со стомакот
Запек, дијареа или други промени во столицата може да укажуваат на рак. Доколку трае повеќе од неколку дена, а нема никаква причина за тоа (немате ни грип, ниту сте отруени од храна) тогаш време е за грижа. Пациентите со рак на дебелото црево често велат дека ја забележале почестата столица, како и чувството дека не ги испразниле сосема цревата. Еден од првите знаци на рак на панкреасот е масна столица, која е почеста, поголема, побледа и има понепријатен мирис отколку вообичаено. Тоа е знак дека вашето тело нормално не ја апсорбира храната. Кажете му го ова на лекарот.
Симптоми на рак кои жените обично ги игнорираат:
- Црвени, болни и потечени гради
- Промени на брадавиците (лупење, вовлекување или изобличување)
- Отекување или абнормална телесна тежина (може да укажува на рак на јајниците)
- Чувство на заситеност и губење на апетитот
- Невообичаено тешки и болни менструации или крварење помеѓу менструалните циклуси (може да укажува на рак на грлото на матката).
Симптоми на рак кои мажите обично ги игнорираат:
- Проблеми со ерекција (можен знак за рак на простата)
- Болка и чувство на тежина во бедрата, колковите, бутовите и стомакот (знак за рак на простата е токму постојаната болка во оваа област)
- Оток на тестисите или испакнатини (можен знак за рак на тестисите, главно _ без болка)
- Лушпеста или болна брадавица или исцедок од неа (и мажите можат да имаат рак на дојката)
- Проблеми со мокрење или некои промени (рак на простата)