Пет работи кои вашата вагина ја прават несреќна

Дали некогаш сте размислувале што прави вагината за вас? Покрај тоа што ви овозможува сексуално задоволство, таа е спремна и да се прошири до големина на бостан, доколку еден ден се одлучите да родите дете. Покрај сите овие неверојатни работи размислете кој е најдобриот начин вашата вагина да биде среќна и задоволна.

Ви ги откриваме петте најчести грешки кога е во прашање грижа и нега на вашето интимно подрачје, како и кое е надоброто решение доколку ги правите некои од наведените работи на списокот.

1. Кога нема да ја соблечете облеката веднаш по враќање од вежбална

Ако останете во вашите испотени јога панталони, тоа може да предизвика милиони бактерии во вагиналниот предел. Доколку бактериите навлезат во вагиналниот канал, тие можат да предизвикаат тешка инфекција. Од таа причина веднаш по тренингот соблечете ја испотената облека и истуширајте се за да ја измиете потта, а со самото тоа и да спречите инфекција.

2. Примена на шлаг и чоколаден сируп

Доколку вашите сексуални фантазии и односи со партнерот сакате да ги „заблажите“ со преливи од сладолед, внимавајте! Ваквите производи се премногу лепливи, па затоа потрудете се да бидат што подалеку од вашите препони. Доколку шеќерот навлезе во вагината, може да ги поремети  Ph-вредностите и со тоа да предизвика кандида или некоја друга инфекција.

3. Претерано користење на сапун

Иако сапунот е нежен за кожата, тој може да биде и штетен за вашата вагина. Би ве посоветувале по вежбање да користите сапун без мирис и боја која би можела да предизвика чешање или некој вид иритација на кожата.

[rpi]

4. Ставање овошје и зеленчук во неа

Доколку се одлучите да експериментирате во тек на мастурбација или секс со вашиот партнер со грозје, морков или било кое друго свежо овошје или зеленчук, бидете внимателни. Дури и ако е органско, тоа и понатаму содржи бактерии и може да резултира со вагинална инфекција.

5. Тетоважа во близина на вагината

Ако дојдете во искушение да го истетовирате делот во близина на вагината, добро размислете како тоа може да влијае на вашата вагина. Имено, тетоважа на било кој дел од телото може да предизвика црвенило и воспаление, а бидејќи кожата во вагиналниот дел е најчувствителна, па затоа тетовирањето може да предизвика непријатна иритација и чешање. Дури и привремена тетоважа може да има ист ефект, па затоа подобро одлучете се за тетоважа на зглоб, на рака или на некој друг дел од телото.