Премногу сол во пубертетот.
Премногу сол во пубертетот го одложува пубертетот и предизвикува проблеми со плодноста.
Американско истражувања покажало дека консумирањето на сол три до четири пати повеќе отколку што е потребно го одложува пубертетот, што во подоцнежниот живот се рефлектира во намалување на плодноста.
Интересно е тоа што истражувањето открило дека исхраната без сол, исто така, резултира со задоцнет пубертет, што значи дека солта е од суштинско значење за пубертетот, но во прекумерни количини таа е штетна.
[rpi]
„Нашата работа за прв пат покажа дека износот на солта во исхраната е поважен за репродуктивното здравје отколку количините на масти”, рече Питински.
Светската здравствена организација неодамна објави дека луѓето ширум светот консумираат многу повеќе сол отколку што е потребно. Тоа е особено забележливо во т.н. Западен свет.
Нашата храна содржи се повеќе и повеќе сол. Препорачаната дневна количина на сол за возрасни е 5 грама, а на пример 75% од пица содржи повеќе од тоа.
Солта природно се појавува во многу видови на храна, како што се млеко, павлака или јајца. Во многу поголеми количини може да ја најдеме во преработена храна како што е лебот, кој е одговорен за една петтина од нашиот секојдневен внес на сол.
Месните производи, зачини и закуски, исто така, се преполни со сол.
„Тековната потрошувачка на сол меѓу населението во западните земји можат драстично да влијаат на репродуктивното здравје и затоа бара дополнително внимание.“_ заклучи Питински.