Слатка диета со бебешка храна

Се започна од страна на лекари од разни диети кои открија дека големината на бебе порцијата ( и она што е во нив ) е совршено прилагодена за потребите на луѓето на диета: да ја измамат гладта, да внесат здрав и хранлив оброк и ограничена количина на калории.

 А потоа во Холивуд настана општа лудост за храна за бебиња како метод за да ја задржат контролата над количеството на храна која се консумира. Многу познати ѕвезди ја одбраа „ бејби фуд “ и се задоволни со резултатите. Диета со храна за бебиња зафати и другите континенти која незапирливо се шири!

Како функционира?

Многу луѓе ја почнуваат диетата со земање на 3-4 тегли на бебе храната што ја јадат помеѓу оброците. Здрава порција од нормална храна се јаде три пати на ден, бидејќи храната за бебиња има малку калории и не обезбедуваат доволно енергија потребна за возрасните.

Постои уште една група на практиканти кои се на диета, и употребуваат по неколку тегли бебешка храна за да заменат еден оброк – обично тоа е ручекот. Оброк направен од тегли со равиоли, моркови и слатки компири за дете кое само што проодело може да има помалку од 200 калории вкупно ( полн стомак вкусна „ лапачка “ со малку калории )!

Предности

Теглите со бебешка храна се практични за носење. Тие не треба да се чуваат во фрижидер и може да се носат во една торба. Постојат голем број на вкусови од кои можете да изберете и храната во тегли е целосно варена, добро спакувана, има витамини и не содржи конзерванси. Покрај тоа, теглите со бебешка храна се одлични за контролирање на количеството на храна кое го консумирате. Тегли на храна за децата кои само што прооделе се доволно големи за да се потисне желбата за храна, но доволно мали за да се задржи внесот на калории на минимум. За оние кои се на специјални диети достапни се голем број на продукти без глутен.

Недостатоци

Не постои основани медицински упатства за оваа специјална диета. Затоа, тешко може да се одреди колку тегли е потребно за да се постигне најдобриот резултат. Исто така, храната за бебиња е блага. Направена е за новиот дигестивен систем, така што нема дополнителен шеќер, сол и зачини. Кашестата козистенција на храна скоро и да не бара џвакање, која ќе ги направи некои луѓе незадоволни.

Заклучок

Бидејќи храната за бебиња не може целосно да ги задоволи целосните хранливи потреби на возрасните, направена е за нашата најпопуларна популација, така што таа не содржи нездрави масти, генетски модифицирани компоненти, антибиотици и други додатоци. Таа е многу хранлива, добро спакувана и не содржи натриум. Сè додека порција со бебешка храна е надополнета со најмалку еден нормален оброк дневно, тоа може да биде ефикасна и здрава алатка за слабеење.