Ако омилените фармерки веќе не ви се точни, вагата како да заглавила или кога ќе успеете да симнете барем 4кг, на првото залче, се се враќа како желе – тогаш, дефинитивно нешто глешите во врска со диетата. Со малку остра љубов кон себе, еве како ќе си помогнете.
Одбирате погрешни диети: Одлучени сте да изгубите 5кг, па одбирате диета која најверојатно ќе ви каже да јадете само грејпфрут или супа од зелка цел ден. Тоа значи, дека ќе го намалите внесот на калории под 1000 дневно, и секако килограмите ќе почнат да се топат. Но, како што опаѓаат килограмите, така ќе ви опадне и метаболизмот, а спор метаболизам значи бавно согорување калории – и ете ви ја тежината од почетокот.
Го прескокнувате појадокот: Точно, вака ќе исфрлите многу од дневно внесените калории, но ќе се чувствувате гладни во текот на целиот ден, па така, многу полесно ќе посегнете по непотребни ужинки. Појадувајте храна богата со протеини и влакна.
Ужина?! Можеби ги броите калориите при внесените главни оброци, но го заборавивте тоа парче торта на забавата или кексите кои ги изедовте пред компјутер на работа. Повеќе, но почести оброци се добри за вашата линија, се додека се богати со протеини. Јаткастите плодови со ниска масност се вистинската ужина која ви е потребна за богат извор на протеини
Малку масти vs. малку калории: Запомнете, ниска масност не значи малку калории. Можете да се „удавите“ во торта со ниска масност и да внесете многу повеќе калории од обично парче торта. Бирајте внимателно и обрнете внимание на хранливите вредност.
Ги заборавате пијалаците: Кога броиме калории, голема е веројатноста дека ќе ги забораите пијалаците. Големите шолји кафе со преливи и алкохолните пијалоци содржат повеќе од 500 калории. Се изгубивте во броењето? Дури и калориите во овошните сокови знаат да ја зголемат таа бројка. Секоја голтка е важна.
Пиете многу малку вода: Ова е најчестата грешка при држење диета. Водата е од клучно значење за согорување на калориите. Ако дехидрирате, метаболизмот забавуваа и калориите не се согоруваат. Пијте чаша вода со секој оброк и ужина.
Млекото е за бебиња: Втора најголема грешка е што ги исфрлате млечните производи. За да согорувате повеќе калории, метаболизмот бара калциум кој е присутен токму во млечните производи во изобилие. Избирајте производи без или со ниска масленост. Решен проблем!
Брза храна:Во ред е некогаш да се почестите за постигнатиот успех. Имајте на ум, дека истражувањата покажуваат дека луѓето кои консумираат брза храна 2 или повеќе пати во неделата качуваат 5 килограми повеќе од останатите.
Нереалистични цели: Дека ќе изгубите 10 килограми во првата недела е многу малку веројатно и ако не се случи тоа, веројатноста дека ќе ви дојде како бумеранг на самодовербата е голема, па ќе си ја побарате утехата во големо парче торта со три видови чоколадо и 2 топки сладолед со чоколадни трошки. Совет: поставувајте реалистични цели.