10 алтернативни начини како да се ослободите од проблемите со варењето.

Диспепсија е термин кој ги опфаќа сите проблеми со дигестијата, како лошо варење или расипан стомак. Резултира со болки во стомакот, чувство на надуеност, кислеини во желудникот и губење на апетитот, повраќање, гадење и гасови. Причини за појавата има многу (прејадување, јадење зачинета или брза храна), а начини како да се ослободите по природен пат, токму 10.

apple-cider-vinegar

Јаболков оцет:

  • Ставете 1 лажичка јаболков оцет во чаша вода
  • додадете 1 лажица мед во водата
  • пијте 2 до 3 пати дневно.

Семки од коморач:

Семките од коморач се многу корисни кога консумирате зачинета и масна храна.

  • Пијте чај од коморач
  • Едноставно, џвакајте една лажица семки од коморач дневно

rsz_grated-ginger

Ѓумбир:

Ѓумбирот ги стимулира дигестивните сокови и ензими, па така го подобрува варењето.

  • Измешајте 2 лажици сок од ѓумбир, една лажица сок од лимон и малку сол
  • Пијте сок од ѓумбр за да избегнете грчеви, гасови и болки во стомакот.
  • Користете суплементи

Сода бикарбона

Проблеми со варењето често пати се јавуваат како резултат на вишок киселини во стомакот. Сода бикарбона e одличен најефективен и најбрз лек против ваквиот проблем. Половина лажица сода бикарбона во една чаша вода и сите проблеми ќе исчезнат.

coriander_16x9

Коријандер:

Ефективен зачин за подобрување на дигестијата

  • Додадете печени семки од коријандер во млеко од путер и пијте 2 пати во денот.

Чај од билки

Консумирање на чај од омилената билка после обилен оброк е вистински погодок. Обидете се со чај од нане, капина и боровинка за брзо олеснување. Чајот од камилица ќе ви го смири желудникот.

Јаболко

Јадењето на храна богата со влакна може многу да ја подобри дигестијата, а кората од јаболкото е многу богата токму со влакна. Влакната ги подобруваат затнувањата на цревата и ве ослободува од болката за многу кратко време.

grapefruit

Грејпфрут

Грејпфрутот содржи витамини кои го смируваат воспалението на желудникот. Исто така, го подобрува излачувањето на дигестивните сокови. Изренадата кора од грејпфрут оставете ја да се исуши добро и земете една лажичка кога имате проблеми со варењето

Портокали

Портокалот содржи киселини кои се добри за вашиот стомак. Изедете еден портокал или испијте сок од цеден портокал пред јадење, за да ги избегнете проблемите со варењето. Сокот од ананас е исто така добар избор.

tumblr_nfv8ivexIY1tl0wyqo1_500

Цимет

Циметот е одличен зачин со уште една фантастична намена. Тој ги намалува болките и грчевите кои се јавуваат во случај на прејадување.

  • Подгответе чај од цимет, додавајќи лажичка цимет во топла вода
  • Пијте додека е топло.