5 лесни начини за инстантно да го намалиш стресот на работното место!

Ако веќе имаш забележано дека стресот кој го доживуваш на твоето работно место ти ја убива продуктивноста и те прави да се чувствуваш мизерно, тогаш крајно време е да реагираш и да го трансформираш негативното искуство во позитивно!

Според зборовите на експертите, постојат повеќе докажани техники за намалување на стресот и смирување на умот на работното место, еве неколку од нив:

Неповторлива понуда на Vitamin C Serum за 590 ден. + Подарок CLINOX

ЗА ДА НАПРАВИТЕ НАРАЧКА КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

Практикувај 15 минутна прошетка

Ако речиси цел ден седиш на биро, еден од најдобрите начини за ослободување од стресот е за време на својата пауза да отидеш на кратка прошетка.

Со други зборови, наместо да седиш цел ден без да се поместиш од место, прошетај се 15 минути и поттикни го мозокот да ослободи ендорфини.

Ендорфините ја намалуваат анксиозноста и стресот, ја зголемуваат енергијата и го подобруваат расположението!

Употреби етерични масла

Етеричните масла повторно се во мода, па зашто да не ги употребиш и на работното место?

Ги има многу и речиси да нема проблем кој не би можеле да го решат.

Но, кога станува збор за намалување на стресот едно од најупотребуваните е маслото од лаванда.

Етеричното масло од лаванда е седумдесет пати појако од самата билка. Покрај тоа што се употребува за намалување на стресот, се користи и за намалување на анксиозноста, депресијата, главоболка и дури и за болки во мускулите.

За да го почувствуваш нејзиниот смирувачки ефект, капни неколку капки во дланките, приближи ги до носот и длабоко вдиши неколку пати.

Дремни си десетина минути

Кога станува збор за power naps или моќните дремки, тие прават чуда во поглед на подигнување на енергетските нивоа, но и за намалување на стресот.

Нашите умови сериозно страдаат кога сме преморени и под стрес, затоа ваквото кратко дремнување, дури и за време на работната пауза, може да делува многу поволно.

Само десет минути спиење докажано ја зголемува енергијата, ги балансира емоциите и ја обновува функцијата на мозокот.

Сигурно се прашуваш каде да си дремнеш ако твоето работно место нема услови за тоа? Експертите велат дека собата за пауза или твојот автомобил се одлични места за рестартирање со една кратка дремка!

Прескокни го кафето и посегни по чај

Сите ние пиеме кафе, но дали си се запрашал што би се случило ако кафето го замениш со една топла шоља чај?

Одговорот е дека слично како кафето и чајот дава енергија, но тоа го прави без можност за зголемување на анксиозноста затоа што не содржи толку кофеин како кафето. Дополнителна придобивка е и тоа што чајот истовремено има и противвоспалително дејство.

Само диши

Еден од наједноставните и најкорисни методи за намалување на стресот на работното место е длабокото дишење.

Овој тип на дишење не само што брзо го намалува стресот и го зголемува транспортот на кислород низ телото, туку и многу лесно се изведува.

Се што треба да направиш е да вдишеш бавно низ носот, целосно да ги наполниш градите со воздух, и потоа полека да издишеш низ уста.

Повтори го овој процес од 5 до 10 пати, и самиот ќе забележиш како целиот насобран стрес полека исчезнува!

Знаеш уште што друго можеш да направиш за да го намалиш стресот? Да си пиеш Dr. Viton Magnezan B6! Зошто? За да го уверите мозокот дека се е во ред!

Овој суплемент делува со помош на магнезиумот и витаминот Б6 на тој начин што ги релаксира нервите и мускулите и плус ја подобрува функцијата на главниот инхибиторен невротрансмитер или гама-аминобутирна киселина чие ниско ниво води до анксиозност.

Витаминот Б6 се заснова на вода и затоа лесно и брзо се апсорбира, а патем ја олеснува и апсорпцијата на магнезиумот за 40 %. Бидејќи го храни телото со серотонин, истото што го прави и магнезумот, ефектот во пар е двојно поголем.

Одбери Dr. Viton – Магнезан Б6!

Dr. Viton – Магнезан Б6 можете да го нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/magnezan-b6

Dr. Viton – Магнезан Б6 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)